Па така, имаш покритие за лекување било кои 30/10/20/50... колку и да сакаш дена, во периодот на тие 4 месеци престој.Нема потреба да плаќаш за сите 120 дена, бидејќи реално не одиш на лекување туку на работа, па Боже мој, може да се случи нешто, пример, повреда па мора да те сошијат, ете ти еден ден, некој вирус со температура па мора неколку дена во болница, хитно мораш на стоматолог, ете ти уште еден ден... Наврати во подружница на осигурителните компании, ќе ти објаснат вработените
Зависи за каде, на пример Кроација има патничко за соседни земји и е стварно поевтино во однос на Европа.
Дали знае некој дали патничкото осигурување покрива вадење на болен заб? Золва ми е на гости во Германија и има страшни болки од расипан заб кој најверојатно мора да се извади.
Дечки дали некој има искуство со нашиве осигурителни компании за патничко осигурување во Америка? Како се движат цените? За период од 3 недели ми треба
Совет: Сава осигурување да ги одбегнуваш. Овој е тековен проблем у моментов. Искуство НАЈЛОШО што може да постои. Осигурување за 1 месец семејно платинум, со осигуран багаж. Имам проблем со еден од куферите, нема начин како да пријавиш штета, те вртат у круг до бесвест и на крај ти ја одбиваат пријавата... ако сакаш детали пиши ми пп (28.12.24-10.01.25) Триглав исто, лани, 1 месец осигурување, скршив заб, исто во Америка, пријавив настан, ме упатија на место далеку од мене 2,5часа возење... и надомест 150$ во кое е вклучено САМО ПРЕГЛЕД. Преглед на забар во Америка без ренген снимка не примаат. Ренген снимка 800$. Ќе си трпиш и ќутиш... (мај 2024). Следна ситуација син ми труење пред или во авион, 13ч лет со повраќање без престан, опција за преглед на аеродром Истанбул (700$ во авион, 500$ во кабинет на арродром), опции за друг преглед преку осигурување нема. Само за тешки повреди можело пример исеченица (во посебни случаи), кршеница исто во посебни случаи... (окт.2024) така шо ништо од наведеното не ти врши работа... Не фрлајте пари за џабе! Посебно не за Америка. Има опции да одиш на лекар за поефтини пари. Во тоа може секако најблиските кај што одиш да ти помогнат. Осигурителни компании во Македонија кои навистина осигураат нешто НЕМА! Жива превара и тешки преваранти. Ова е моето искуство, и следно доаѓање овде нема шанса ниедно осигурување да платам...
Ништо нема од ова што го кажуваш. Процедура им е на сите осг компании: Пријавуваш, те упатуваат кај да одиш, одиш, си плаќаш се што треба, документација ти даваат од местото кај што си на преглед, и цела документација им даваш во осг компанија. За одговор ќе добиеш 10000х НЕОСНОВАНО/ОДБИЕНО. Зошто? Зошто ќе ти фали печат, ќе ти фали листа, ама требало потпис од врататот покрај докторите... и толку ќе добиеш. Осигурување патничко не врши работа за ништо! Смешни суми во однос на тоа што се случува во странство. 50€ за телефонски разговори? Во роаминг? Во превод 10 минути. Неможеш да се објасниш со осг компанија за толку време пошти чекаш на линија... Преглед 300€? Тоа е само за "да прашам нешто" ситуација. Лекување 30.000€? Какво лекување? На папир само... Сите осг компании во МК се врзани со Србија за пријавување настаната штета по било кој основ... Треба да се врти на странски број. Онлајн пријава на штета џабе е, пак ти ги дава броевите од Србија. Мејл не даваат за пишана комуникација зошто може да ги гониш правно. Чувај си парите и недајбоже да ти затребаат, недобиваш ништо од патничко осигурување.