Патолошка бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од byby.13, 6 јуни 2015.

  1. охриѓанка

    охриѓанка Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2017
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Здраво женски! Да прашам вие што сте со ивф...тие законски што следуваат до три месеци после позитивна бета, се до три месеци бременост или три месеци боледување? Пошо јас не земав претходно, и сега после бета ќе земам од матичната 15 дена па ќе продолжам со комисиско и ако одам 3 месеци...ќе фатам веќе 17-18 недела. Или веќе до 13 недела и после нема да ми го рачунаат ради ивф?
     
  2. angelinkaa

    angelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Девојки да ве прашам мора ли 45 дена порано да се отвори породилно тие што се патолошка? Има ли некој искуство, јас мислев одморот да си го земам па породилно да отворам.
     
  3. svami

    svami Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Има боледување (y)(y)
     
  4. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.553
    Допаѓања:
    10.051
    Пол:
    Женски
    Паре су стигле ју хууу
     
  5. omilenacvena

    omilenacvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    14
    Изгледа кај секој е различно.. и јас сум на патолошка, термин ми е 02.08 а последно комисиско боледување до 03.07 ( 30 дена пред термин) и плус пак ми пишува да се јавам на 3ти на контрола со нов извештај и ново конзилијарно
     
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Може така, кај матичниот да го прекинеш боледувањето последниот ден и од утредента кога би било отворено породилното да си на одмор
     
  7. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    243
    Јас цело време бев на патолошка и породилно отворив 5 дена пред да се породам односно околу две недели пред термин ми дојде да го отворам, а се породив со закажан царски, матичната ја прашав колку дена пред термин треба да го отворам таа ми рече дури не ти прават проблем на комисија терај со боледување. Последното боледување ми беше до 28 февруари, од 1 март отворив породилно на 5 март се породив, а терминот ми беше до 13 март.
     
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.227
    Допаѓања:
    13.700
    Пол:
    Женски
    Комисијата максимум што дава е 28пред термин да се отвори породилно.
    Има некоја финта што не ја кажуваш или пак не ја знаеш и така ти се погодило.
     
  9. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Колку што знам комисијата отвара породилно отсуство 45дена пред термин, кога трудницата е на боледување во тој период, ова што го кажуваш ми е баш новост, ме интересира дали има други вакви случаи во темава
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. omilenacvena

    omilenacvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    14
    Еве јас сум таков друг случај, термин 2 Август, последно болефување одобрено до 3 Јули (30 дена пред термин) и плус на решението ми пишува пак да се појавам со нов извештај и ново конзилијарно а не да отворам породилно.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.227
    Допаѓања:
    13.700
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека на следниот извештај може да ти го продолжат само 2-3 дена максимум нели?
    Не мора да значи дека ќе ти одобрат цел месец ако однесеш нови документи.
     
  12. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    243
    Незнам никаква финта можи и така се погодило баш за февруари кога требаше да поднесам документи за боледување имав помалку од 45 дена до термин и баш тогаш ја прашав матичната за да отвориме породилно, бидејќи тука прочитав дека треба да се отвори 45 дена пред термин, таа ми рече чим не ти прават проблем од комисија повторно поднеси документи за боледување и така бидна ми одобрија уште цел месец.
     
  13. omilenacvena

    omilenacvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    14
    Ќе видеме на 3ти како ќе е секако нема да терам до термин бидејќи сум близначка бременост но и не е 45 дена пред термин
     
  14. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.227
    Допаѓања:
    13.700
    Пол:
    Женски
    Веќе не е 45дена, пред околу месец смениле на 28дена пред термин и за тие што биле на патолошка.
    Ќе видиме до кога ќе ги "држи" променава :)
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.553
    Допаѓања:
    10.051
    Пол:
    Женски
    Незнам, не е сменето, мене минатата недела ми го дадоа последното боледување до 14.07, а од 15 ке се отвори породилно и тоа е пак 45 дена пред термин. Термин ми е на 28.08. незнам зошто така кај некои.
     
  16. ☁сон☁

    ☁сон☁ Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу, следната среда ќе ги посетам :)
     
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.227
    Допаѓања:
    13.700
    Пол:
    Женски
    И мене минатата недела ми го дадоа со предлог 28дена пред термин.
    Со која шифра се водеше ти? Да не има врска тоа нешто. Јас бев со О47.
    Или пак зависи може само во некои градови ова да е почнато не во сите...
     
  18. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.553
    Допаѓања:
    10.051
    Пол:
    Женски
    Исто со 047 лажно раѓање. Од Скопје сум, ако има измени во законот треба сегде да стартуваат во исто време. Навистина незнам што да кажам.
     
    На ocicka2014 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.080
    Женски сега сум на боледување 2 недели,после ќе имам предлог за комисија.
    Од тетово сум. Ке може некоја доколку има од Тетово да ми објасни како што иде?

    И може ќе е глупо прашањево но дали вршат прегледи кога е комисијата или не ,да знам да се спремам бидејќи имам нелагосности од прегледите.


    И во случај да и комисијатаа ми даде плус боловање се исплаќа тоа заедно со овие две недели боледување или....?
     
  20. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.926
    Допаѓања:
    7.656
    Пол:
    Женски
    На комисија нема да одиш ти туку со документите ќе оди маж ти или некој друг, така што нема да те прегледуваат.
    Ти треба специјалистички извештај и со него одиш кај матичниот. Тој ти дава предлог па се оди на комисија и назад кај матичниот.



    Ова со 28дена пред термин се случило и кај друга? Јас колку што знам до 45дена пред термин се одобрува.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.