Здраво од мене Ќе ве молам доколу знае некој да ми одговори. Работам во фирма веќе 5 години ( без прекин во стаж). Бремена сум 11 недела, Станува збор за работа каде по цела смена сме на нозе. Почнаа да ми се појавуваат големи отоци во нозете, болки во стомакот и имам попуштени вени. Ќе ве молам да ми кажете кско оди процедурата за патолошка бременост да се извади. И дали би можела да користам до крај на бременост. Благодарам
Прво отвараш 15 дена од кај матичната па после она ке ти објасни како оди процедурата,треба да ти даде упат дали државна дали чаир па таму ти прават преглед и одлучуваат за продолжување.
Мешиња ве молам за одговор. Колку % ви исплаќаат од платата? Мене 70%, случајно дури вчера со брат ми во муабет ми кажа дека ако си на боледување над 30 дена, земаш 90%, ако си до 30 дена, тогаш 70%. Јас сум цела бременост на боледување, земам 70% плата. Инаку, брат ми е сметководител во голема институција и баш тој ги спрема боледувањата... Ве молам споделете искуство.
И јас сум цела бременост на боледување, првите 30 дена ми ги исплатија од фирма и земав 90%. После не префрлаат преку фонд и зимаме 70% до отварање на породилното. Толку е за жал
Првиот месец од боледување те плаќа фирмата 90% од платата, а после тоа фондот те исплаќа 70% од плата. Еве јас од старт од бременоста сум на боледување само првиот месец си земав цела плата а после наредните месеци 70%.
Така е, во право сте. Чачкавме убаво. Жените на патолошка бременост се оштетени. Тоа што погоре го пишав било во случај на обично боледување (болест некоја, операција), не за бремени. Разјаснивме Си помислив да не сум оштетена намерно или ненамерно па затоа сакав да се потврдам со вас. Ама сега веќе разјаснивме. Фала ви
Здраво на сите. Доколку знае некој, би била благодарна. Бев 15 дена на боледување од матичен гинеколог, па потоа уште 30 дена од комисија, но од комисијата 30 дена беа максимум со таа дијагноза која беше наведена. Потоа без прекин на боледувањето, матичниот гинеколог отвори ново боледување од 15 дена со нова дијагноза и добив уште 30 дена од комисија. Прашањето ми е дали бидејќи имам нова дијагноза и цел процес го почнав одново, повторно ќе бидам 30 дена со исплата од фирма? Поздрав
@Mila1990 Само тие 15 дена од матичниот ќе ти плати фирмата,друготе 30 дена без разлика дали се со различна диагноза ги плаќа фзо.
Мене ми беа платени тие првите 15 дена од фирма и после кога ми продолжи комисија уште 30 повторно и тие 30 ми беа платени од фирма. А се наредно од фонд,јас мислам така е според моето искуство
Мајки ајде помош, документите за продолжување на боледувањево треба да ги носам во поликлиника Букурешт, па на кој број да се јавам за да ми кажат кога е мојата буква? 02 3062521 овој број го најдов на златна книга, тој ли е?
Не би требало да доцнат толку многу. Провери си, јави се во фонд или пиши им меил да прашаш зошто нема исплата. Може недостасува некој документ.
Do pred dve nedeli ne mi bea podneseni dokumentite od firmata zatoa imav problem e sega se odneseni ama. Neznam kolku ke treba da cekam za isplata
Од кога ќе ги работат во фондот после 2 или 2 ипол недели следи исплата , проблемот е ако не ги работат одма а и башка фирмава мн касно ти ги однела И башка подобро ѕвони во фондот оти често "забораваат " да ги работат док
Немам,бидејки ко бев во фирма ми кажаа дека за два месеци одеднаш ке поднесат. Немаа уште поднесено,ваљда ке имам после 15 кога ни пуштаат од фирма плата. Е сега јас земам за 2м само патолошка,последниот нема да ми го исплатат одма или?