Здраво, може мислењево не е за тука ама сепак се надевам ќе добијам одговор. Збунета сум, незнам како оди целата процедура, на патолошка сум од 08.11, е сега кога ќе почне исплатата од фондот тоа е автоматски не треба јас ништо да поднесувам така ? Проблемот е што сменив презиме, лична карта , а која е процедурата за здравствена книшка да сменам и дали морам и дебитната картичка да ја сменам ? Извинете за долгиот пост ама цела сум во прашалници. ❤️
За патолошка да, ама за породилно кога ќе дојде ред ќе треба да поднесеш. Името нема врска со тоа, по матичен број се водат. Лична карта мораш да смениш, другото не. За книшката никогаш не мора да смениш име, ама пожелно е за да не ти прават проблем. Јас само го додадов презимето на маж ми, така да технички уште ми е тоа презиме од книшката. Ако скроз си го сменила, кога тогаш ќе наидеш на некоја сестра по болнициве што ќе ти мрчи. За дебитната, ќе ја смениш кога ќе истече.
Фала ти многу за одговорот, да лична карта веќе сменив, сакам и книшката да ја сменам ама не ја знам процедурата? И ако знаеш , за породилното која е постапката?
За книшка мислам дека само тррба да си купиш нова книшка и во фондот да ти стават печат. Не ме фаќај за збор, претпоставувам само дека р вака. За породилно, 45 дена пред терминот нема веќе да ти потпишат за патолошка и или ќе треба да земеш одмор или да отвориш породилно. Јас отворив породилно кога веќе бев породена, не знам кои документи се носат зошто не ги носев јас лично. Мислам дека во фондот се носи потврда од гинеколог за да отворат породилно (или на работа, па они да поднесат ако имате оддел за тие работи), а се останато се прави после пораѓај зошто ти треба изводот од бебето.
Дали некоја од вас знае да ми каже дали се носат во фонд и првите извештаи за боледување во фонд.Јас сум на боледување од 14.10 и за цел октомври ми исплати фирмата цела плата.Боледувањето продолжено со комисија ми е до12.11 а на 22.11 треба да однесам др.документи за да ми го продолжат повторно.Прашањето е дали во фонд ги поднесувам само документиве од 13.11 за кои треба да ме исплати фондот?
Кај мене фирмата ги носи документите јас лично не сум била до сега а веќе сум 3ти месец на патолошка.
Здраво, вака сега Бев на боледување од матичен гинеколог 1недела, потоа исто од специјалист, и сега од комисија ми дадоа од 20ти ноември до 24ти декември. Пак се вратив кај матичен и ми даде извештај за привремена спреченост за работа. Ми рече дека овие док. се носат на работа, дали мора на работа да ги однесам или може и сама во фондот за здравство? И уште нешто, од 5ти ноември сум на боледување од матичен, официјално од 20ти, е сега прашањето ми е кои денови ги исплаќа фирмата а од кога од фонд? Фала ви, се извинувам на долгиот пост.
Идни мајки тие што сте на патолошка дали го имате искористено одморот од 2019? За кратко почнува и тој од 2020 па како би искомбинирале за да не пропадне .. фала
Јас колку што знам одморот од минатата година се корсти до 30.06.наредната година.Мене породилното ми завршува во април2020(здравје Боже) и потоа ќе го користам одморот од 2019 година.Ако грешам нека ме порави некој.Иначе сум во државна фирма.И за патолошка важи истата дата 30.06.Е сега зависи во кој период е патолошката.Секое добро
Девојки да ве замолам, ако некој оди деновиве на комисија во Букурешт, ако може да сликне како е оваа недела со буквите редот. Тенкс
Буква Ј е 2 смена Буква И е 1 смена Се јавив за тие букви сабајлево 023064088 на овој број одма ги добив
Здраво, дали може некок да ми објасни како оди целата процедура за отварање на патолошка бременост. Бев на боледување од матичен гинеколог 14дена, па после тоа се вратив две недели на работа и сега гинекологот ми вика дека треба да чекам да поминат 30дена од последното боледување. Инаку сум 25+5 , мн ниско ми е поставен плодот дури со главата го притиска грлото и ми е страв од стоење на раб. Може и лп. Поздрав и фала ви.
штом си тргнала на работа сега ќе треба повторно 2 недели од гинеколог, после тие 2 недели ќе одиш кај специјалист од клиникиве за гинекологија и он ќе ти продолжи месец, па одиш по предлог кај матичен и после во Букурешт.Недела дена пред да направиш 60 дена од боледувањето ќе си земеш упат за комисија. Малце има трчкање, па со лесно
Здраво ако може да ми каже тазе мамичка што била на паталошка а сега на породилно дали пред да го отвори породилното дали има искористено одмор. Мене од комисија ми дадоа до 09.12 боледување а од 10.12 да отворам породилно. Прашањето ми е дали да земам одмор или да си го отворам породилното? А имам 21 ден одмор од 2019 год.