023064088 023062521 Еве за да видиш која смена е твојата буква. Не се закажува туку на документот ти пишува кога да одиш. Можеш и ден два порано од таа дата
Се зависи кога фирмата ќе даде плата на вработените. Јас сама поднесував, кога ќе ми јавеа колешките дека имаат плата (најкасно до 6 во месецот ни префрлаа) јас утре дента си поднесував и после 2 недели ме исплаќаа. Значи вака од старт правам и секогаш на време ми исплаќале.
Ние секогаш зимаме пред 1ви, а мене сеуште не ми се префрлени. Значи најдобро сама да си ги носам документите
Епа од работа ако не ги носат одма можеби затоа немаш земено. Јави се прашај на работа дали ти ги поднеле документите и ако не се најубаво сама да си ги носиш 5 минути работа нема мн чекање и на време ќе те исплатат
Ова за сметка треба само да ја копираш трансакциската сметка и ќе си пополниш барање за исплата. Јас на секое одење си зимав барање за наредното одење и така правев до последно. Ќе си направиш копии од избраниот лекар и од комисија за да ги оставиш на работа а оргиналните ги зима фондот
Девојки вие што сте на боледување, искуствено кога се пушта плата? Дали е поврзано со пуштањето плата од страна на работодавецот. Да речеме ако пуштат плата на 1ви јас што сум на боледување кога ќе ми стигне? Ова ми е прв месец преку фондот еден месец фирмата ми плаќаше нели, па затоа незнам. Фала
Кога фирмата ќе пушти плата тогаш се носат документите во социјално и за 2 недели стига. Пример кај нас до 6ти пуштаат и до 18ти најкасно зимав исплата. Само што јас сама поднесував бидејќи ако чекав од фирмата ке се изначекав
Лелее како бе така каде 70% па уште да чекаш со месеци. Оффф.. а зашто немаш земено уште, збореше ли со колегите ти ги однеле ли документите во фондот. Искача дека зависиме од колегите во правна служба или човечки ресурси така?
И мене ми каснеа и прва и втора и дури сеа малку еве се подоправија. Отидоа моите во фондот,спремни да се расправаат за на крај да испадне дека од кај мене од фирма касно ги носеле документите Значи од нив зависиме да... освен ако има таква опција сам да си ги носиш документите,како што кажа членка погоре,јас сеуште не сум прашала за тоа
Најубаво сами да си ги носите бидејќи има фирми што не се ангажирани многу околу тоа. Јас знам дека мојата фирма е таква и затоа сама си поднесував и на време си земав исплата.
Девојки, првиот пат ќе земете боледување после 2 месеци за 2та од одма. После ќе е редовно. Така е и со породилното. Кај нас се иде бавно за жал. :/
Поднесуваш документи во декември пр сега за боледување, пари зимаш по 2 месеци и за двата месеци од одма. Еден те рипаат ама заедно со наредниот две плати зимаш всушност .после веќе редовно си оди.