Да знаете дека кога сте под фонд не ви зависи платата од фирмата. Јас бев седум месеци на патолошка, пред да заврши месецот од кај матичната зимав образецот копија од трансакциска и барање си потполнував и сама носев во фонд. Значи пред да заврши месецот поднесував и зимав плата околу петнаести а кај мене на работа даваат плата на дваесет и петти. Фирмите сами си измислуваат дека прво да дадат плата па после се предаваат документи во фонд. Не чекајте на нив носете си сами најубаво. Исплатуваат две недели откако ке ги поднесеш документите
Кај мене во државна институција платата и боледувањата одеа компјутерски и немав шанса сама да ги носам(не ми беше тешко),земаа плата на 15,а јас боледувањето и патолошката до крајот на месецот,некаде околу 27 во месецот.Вероватно е до фирмата во која работиме.Секое добро
Девојки дали со ивф секогаш може да се истера бременост со боледување.....може некој да ми каже сто е со ивф а да е цело време на болување.....
Јас сум со близнаци инвитро и до сега 9 недела сум на боледување. Минатиот пат на мм комисијата му рекле да ми пише докторот што ме води дијагноза О.20 за да немам проблем за до крај. Во понеделникот кога бевме на преглед му кажувам на др за истово и ми вика ти до 12 недела си секако покриена, после ќе си земеш одмор од работа па пак ќе ти дадам боледување, па некој слободен ден па пак боледување и така.. ќе истераме..искрено ме изнервира а приватно одам и се надевав дека без проблем ќе пише ама колку што свативме се плаши од инспекции.. и сега незнам што чаре да барам и јас.
Овој одговор од Димитров ли ти е.Јас во првата бременост бев само до 12 недела бидејки немав проблем ми беше уредна бременост и тргнав на работа.Така ми рече и на мене немаш проблем може да одиш на работа
Абе ја истерав и јас цела бременост на боледување и без ивф ама ти треба или јака причина или јаки врски.
Колкав процент на боледување земавте со вакпв начин на боледување? Се информирав дека доколку оф самиот почеток имате дијагноза 0.20 се води како патолошка бременост и се зема 70%. Но, дали фоколку одите на боледување на комисија па некој фен на работа па пак на боледување , износоѕ ке е 90%?
Колкав процент на боледување земавте со вакпв начин на боледување? Се информирав дека доколку оф самиот почеток имате дијагноза 0.20 се води како патолошка бременост и се зема 70%. Но, дали фоколку одите на боледување на комисија па некој фен на работа па пак на боледување , износоѕ ке е 90%?
Додека си на боледување поради патолошка бременост, фондот ти исплаќа 70% од плата на која си пријавена.
Не, секако ќе биде 70%. А ако го прекинеш да одиш на работа големи се шансите комисијата веќе да не ти даде боледување
A,shto dokolku ne go prekinesh boleduvanjeto,tuku ti zavrshi i odish na rabota i imash pricina pak za boleduvanje?Jas mislam nema zasto vo toj slucaj da ne ti dadat boleduvanje
Јас направив така на два пати и земав 90% плата. Не одев на работа ама земав денови од одмор. Им вртеле очи на моиве у букурешт се шушкале ама даваат пак, несмеат со таква дијагноза да вратат јас мислам крај краева има второстепена.