Mozes ama fondot nema da ti plakja za patoloskata...kolku so znam k9ga ke napolnis 6m ke pocne da plakja...taka mi objasnija mene oti imas prekin
Некоја од вас да имала среќа минатава недела да ги добие на 025111237? Се утепав од вртење исклучен е тел, од работа ми викаат доставиле се, а исплата немам уште за декември Или ако имате друг број да ми дадете
@VanillaSky1 ти благодарам за бројчето инаку дури на 07.02 од работа ги доставиле документите за декември така да најубаво јавете се, жената е премногу фина
Дали можеби некој знае :нели 70% ги исплаќаат од нето платата?што кога по првиот месец од исплата ти ја зголемат платата,како тогаш се пресметува и исплатува?
Просек земаат од последни 6 плати пред да отвориш боледување и ти издаваат решение каде што ти е утврдено колку ќе изнесува исплата за истото. Доколку по издавање на решението ти се покачи платата не ти се менува ни патолошката исплата, ниту породилното. Ваков одговор добив од ФЗОМ, за жал
Просекот од кој пресметуваат е од последните 12 плати, тоа го пишува и на решението од Фондот што ти стигнува на домашна адреса пред првата исплата. За жал покачувањето во твојот случај нема да има улога сега.
Не ми стигна никакво решение,а денес се јавив во фонд и ми кажаа дека секоја промена на платата се влегувала во исплата,само требало работодавачот да пријави во ујп???
Решението ќе ти стигне откога работодавачот ќе ги предаде документите од боледувањето во фонд па таму да обработат податоци, ако задоцнат од твојата фирма, задоцнува и решението и исплатата, но во секој случај мора да стигне, го праќаат по пошта како препорачано и би требало на рака да го добиеш. А за ова другото не знаев, ама еве сега сме информирани, добро е да се знае
Дава матичната упат,одиш незнам кој број беше собата,од патолошка право по ходникот до крај, тие се конзилиум се остава книшка внатре и те викаат. Внатре има доктор што те гледа на ехо и уште еден што куца на компјутер,те прашува зошто си на боледување и тоа е. Обично брзо оди ако не се ептен во хаос,работат после 14ч секоја среда, барем мене така ми закажуваа
Сега ме замисли за решението,земав пари за два месеци а решение нема.Од фирма како ги носат документите ми се јавуваат така да ажурни се за тоа многу
Тогаш може поштата да затаила, искрено не знам што би можело да е проблем, мене ми стигна решението па за 3-4 дена добив исплата. Штом носат документи редовно и добиваш исплата, тогаш немаш проблем се надевам наредно ќе биде повисок и приливот