Прашај како е ситуацијата кај вас на работа, ако можеш со потврда да ги покриеш овие денови би било добро, засега препораката на Владата е до 24.03 мислам.
Кога комисијата ти дава предлог да отвориш породилно немаш право да земеш друго боледување освен да земеш одмор од работа ако не си го искористила. Сепак прашај си поради вирусот можеби ќе ти дадат иако не ми се верува. Најубаво одмор ако имаш искористи го
После 15 дена боледување од матичниот гинеколог се оди на комисија.дали само со препорака на матичниот или треба мислење и од друг лекар гинеколог.моментално сум на боледување од матичниот.ве молам за информација како оди процедурата
Ако одиш преку ГАК треба да ти закажат преглед и они да ти дадат извештај па со тој кај матичната па она да ти даде еден лист па на комисија...а ако одиш приватно извештај со ризичен абортус тој го носиш кај матичната и после тоа она ти дава лист и со тој и извештајот одиш на комисија
Значи и за прв пат на комисија треба да имам плус извештај.мислев дека после 15 дена само матичниот гинеколог дава препорака
За жал не...мене матичната ми рече извештајот да не биде постар од ден два и одма на комисија да отидам
А дали знаете од која приватна клиника признаваат извештај...јас одам во њу борн дали од таму признаваат
За од Систина и Ремедика знам дека признаваат прашај ги во њуборн сигурно ќе ти кажат дали признаваат или јави се по телефон со оглед на ситуацијава со вирусов за безбедност
Здраво. Јас сум на боледување од ноември 7 месец сум, ми заврши боледувањето во петокот но го задржав датумот. Денес сакав да отидам со предлог од матична на комисија во букурешт, но од денес не работат. Иначе требаше со конзилијарно ама и тоа не работи. Од денес е се електронски, но пак треба да се испрати конзилијарно мислење што јас го немам и матичната уште не знае како што да прави. Дали некој е во ваква ситуација, да сподели?
Јас извадив конзилијарно од ремедика и со предлог од матичен добив комисиско во румунска ..во петокот работеа.