Утре сум на комисија и претпоставувам дека ќе ми дадат 30 дена. Тие ми завршуваат точно 50 дена пред термин. Мислев тогаш да прекинам боледување и да земам 10 стар и 10 работни дена нов одмор. И ќе ми дојде да отворам боледување околу 2 недели пред термин. Јас така си планирав па ќе видиме како ќе излезе.
Хахаха е супер. Јас се надевав дека нема, затоа што меѓу истекот на боледувањето и тие 45 дена пред термин имам луфта 5 дена. Или ќе ми дадат 35 дена и ќе ми пишат да отворам породилно на 45дена?
Ајде ќе ви јавам што сум направила утре, па барем вие да си знаете. Ако морам да отворам на 45дена породилно значи стариот одморот ми пропаѓа?
Моето искуство со боледувањето. Секогаш носев боледување еднаш месечно пр.од 06.04 до 06.05. Сега кога бев последен пат на комисија ми одобрија од 06.05 до 06.07 со назнака да отворам породилно. Значи породилното ќе го отворам на 07.06, а термин ми е 07.07 тоа доаѓа еден месец пред термин. И јас мислев дека ќе ми дадат помалку од месец боледување со назнака да отворам породилно 45 дена пред термин.
@kukla21 ММ сабајлево бил на комисија и не излезе ни по мое ни по твое. Му дале 15дена само,со назнака на 02.06 да се јавам на комисија со конзилијарно (инаку до сега бев само со мислење од еден специјалист). Едит. 04.04?
Ааааа, ама ти не си била од почеток на боледување ајде на 02.06 ќе видиме што ќе биде. Тогаш колку денови си пред термин?
Јас се зачудив зошто само 15 дена.Прво ми дадоа препорака матичната да ми отвори боледување втор пат во еден месец, па комисија ми даде 30 дена и сега 15 дена. Значи они си ги сметаат и тие 15 дена од матичната со нивна препораки и така искачаат 60 дена. Инаку тогаш ќе сум 62 дена пред термин. Кој знае како ќе постапат...
е па тоа е битен факт. Они до 60 дена може да дадат без конзилијарно, вклучително и боледувањето од матичен. Тогаш следниот пат ќе ти пишат. Дај Боже да сум грешка.
Сега си правам математики тогаш да прекинам боледување, да земам 20 дена одмор и едно боледување од општ и таман штом влезам во 9 ти да отворам породилно. Но и сега ЕДНО планирав излезе друго
Денес свекрва ми ја пратив на комисија и пишале до 14 јуни и пак да се јавам на комисија и и кажале дека тогАш ќе го придолжат и ќе ми отворат породилно ама нели тоа е многу рано мене термин ми е осми септември
Да не не разбрала добро. Баш ти сметав и 60дена да ти дадат и 45 дена порано да ти отворат пак не се поклопува.
Да ви се приклучам во темава. Јас стариот одмор си го искористив цел. Е сега мислев за да не правам егзибиции да оставам да ми отворат породилно 45 дена порано со тоа што официјално породилното ми завршува во април 2018. Тогаш да ги земам сите 20 дена од одморот за 2017 со што ќе добијам цел месец плус со бебето. А секако од јуни 2018 веќе ќе ми следува нов одмор за 2018та година. Што мислите?
Па и јас мислев на таа опција ако веќе морам да отворам 45 дена порано. Ако не ти прават проблем од работа и тоа е опција...
На работа не сум разговарала сеуште ама си размислувам, породилното ми завршува април а ќе имам цел одмор мора да ми го дадат немаат избор. Според интерен правилник во фирмата старите одмори мора да ги искористиме до крај на мај (иако законски е до крај на јуни нели) така да секако морам да го искористам.