Ме интересира дали ви пуштија пари од фондот во март регуларно на датата како и секој месец, бидејќи мене веќе три месеци ми пуштаа на 27 секој месец ама еве Март не ми пуштија а врќе сме 7 Април некој некаква информација?
Јас имам закажано за во понеделник за конзилијарно во ремедика..не ми кажаа кога закажував дека нема да даваат се зачудив..јас од старото конзилијарно немам примерок кај мене тоа што ми го издадоа минатиот пат беше еден примерок и го предадов на комисијата...имам само извештај од прегледот ?
Мене ми рече матичниот се он средува и му праќаат од болница...оваа недела треба да пратат за мене...на 13 сум на комисија... ако има нешто ќе ти пишам
Докторот ми рече јас ќе се јавам во болница не се секирај ќе ми пратат, кажано е вие да не одите. Јас сум во Велес. Четврток ќе им се јавам и ќе видам дали пратиле
Значи како и да е ќе ми треба нов извештај колку што сватив, покрај конзилијарното? А з А зашто да се менува шифра, не разбирам? Јас имам три шифри за патолошка, за миомите и за близначка бременост. Сите три ми ги пишуваат. Мислам беа О.20, О.30 и D25. И дали са следен месец пак ќе одиш по нов извештај или само конзилијарното (старо) ќе го поднесеш?
Ај @0ли повтори за шифрите како беше, ако не ти е тешко.јас заборавив. О22 беше до одредена недела, а потоа треба друга шифра.
Алишанке, врска немам за ова, да не си ме измешала со некоја друга? Јас за на Трансфузиологија кажував шифри
Некој спомнуваше дека 022 е до одредена недела, а потоа во конзилијарното мислење требало да се стави друга шифра, за да ни ородолжат. Извини, мислев твое дека е мислењето. Ај тогаш, која е со конзилијарни мислења да ни објасни за промената на шифрите, во кои недели се променуваат?
Некаде на форумов прочитав дека со одредена дијагноза конкретно О20 давале до 23 ,24 недела по шо кога му спомав на докторот за дијагнозата одма ми рече за следен пат ќе треба да ти ја сменам е сега зошто како незнам.
До 22ра се одеше со шифра 0.20 а после тоа со 0.47 имаат различно значење за првата мислам дека е заканувачки абортус а за другава ризик од предвремено породување...вака нешто ми е запамтено..ако грешам нека ме поправи некој..можеби за секоја трудница е различно во зависност од проблемот
Чим го немаш старото мора да ти дадат, најверојатно даваат само со исклучок мене првиот пат ми го земаа од комисија конзилијарното последниве два пати се ми вратиле.Така да мора да ти дадат кога го немаш
Уште некој со сигурност да каже од која недела се менува шифрата. Или @mamaorhidea ова е проверена информација? Јас ќе бидам 23+ тоа значи дека ќе треба ново конзилијарно и нов извештај со О47 шифра?
Да не те излажам најдобро матичниот прашај го..кај мене 21 + е со првата шифра а 26та е со другата...кога е пресекот точно не сум сигурна
Матичниот јас кога го прашав ми рече зависи од специјалист кога ке ти сменат на извештајот тогаш ќе сменам и јас така да најубаво специјалист да се праша.
Јас имав проблем минатиот месец поради што не ми сменија шифра на извештајот па ме одбија, па приговор поднесував до второстепена и непотребни нервози и малтретирања, затоа кажав и тука, до кај 22-23 недела може да стои 0.200 за заканувачки абортус, после треба 0.470 (за опасност од предвремено породување).
Јас за февруари месец земав некаде околу 20ти март од фонд...зависи фирмата кога ти ги однела документите. Првпат земав од фонд тогаш незнам дали секој месец е на иста дата.