Во Плодност требаше да одам, ми откажаа термин заради ситуацијата. И немам ново специјалистичко мислење.
Зависи боледувањето од кој до кој датум ти е, ако фали и еден ден во март кој ке се покрие дури со априлската плата ке си чекаш како мене бааги за исплата, мене секое боледување ми завршуваше со претпоследниот ден од месецот и долго чекав за исплата.
Ќе пише матичен. Не верувам дека прават проблем со оглед на тоа што се редуцирани прегледите низ државните клиники.
Еве го моето искуство со боледувањето. Мене ми истече претходното пред неколку дена. Пред да истече, матичниот ми рече да му ги однесам документите од тоа претходно боледување. Тој ги испратил по меил, и ми се јави да ми каже дека ми е продолжено. Утре треба да го земам и да го носам во фирмата.
Здраво на сите. Моето боледување беше до 03.04, пратив документи по e-mail кај матичната и уште немам одговор. За колку време на вас ви одговорија?
Моето барање е пуштено на 9ти, сега се слушнав со матичната сеуште нема одговор, но ми вика да не се секирам ќе ми одобреле дека конзилијарното ми важи до 15.05. А инаку малце сум нестрплива пошто утре ми истекува боледувањето. Не се фер што не се подобро организирани во вакви ситуации.
Денес ми стигнало боледувањето до 04.05 ми важи. Овие од кај матичната изгледа го пуштиле покасно затоа дури сега стигна.
Девојки ние што сме на патолошка, мене ми заврши и сега користам денови од одмор. Дали треба и првиот дел од 2020 да го искористиме поради превентивните мерки па да отвориме трудничко или по стариот одмор да отворам веднаш трудничко?
Може да ми објасните попросто како одат овие работи,навистина шпанско село ми се Од специјалист добивам совет и препорака боледување заради предходна историја,е сега во вторник го носам извештајот на матичен и он ми го отвара боледувањето на 15 дена? Па после 15 дена треба да одам повторно на специјалист за нов извештај за да го пратат на комисија? Јас не одам кај матичен затоа незнам што да му кажам за да ми отвори патолошка.?
За првите 15дена мора матичен гинеколог да ти отвори боледување, после тој ти пишува упат до специјалист и ти продолжува, тие документи заедно со ехо и лабораториски наод (крвна слика и урина) ги доставуваш до комисија. Првите 60 дена доволно е само извештај од специјалист за продолжување, после тоа мора да имаш и конзилијарно мислење од три специјалисти. Значи отприлика на месец дена е истата процедура. Пред истекот на боледувањето треба да ти се спремни новите документи за поднедување. Ова во "нормални" услови
Дали некој знае да ми потврди дали после искористено патолошко боледување може да се користи одмор пред да се отвори породилно..не ми е јасно да не има некој проблем бидејќи го добив последното патолошко и ми пишува да се отвори породилно боледување после истекот..на пример истекува на 10.05 и од 11.05 да се отвори породилно а до краен термин имам уште месец ипол после тоа.
Mene maticnata mi rece mora da se otvori 45 dena porano moeto na 16.05istekuva morala da otvori na 17.05 taka pisuva i kaj mene na izvestaj od Bukurest
Баш без врска ако е така многу рано треба да отвориме породилно..јас имам стар одмор па се понадевав да го искористам
Мене ова ми го кажа матичната сепак прашај мене така минрече требало да биде незнам ни јас порано е многу да
Може да користиш одмор, зошто да не? Секако и со новите мерки треба да се искористи минатогодишниот одмор до крај на мај па ако имаш зошто да ти пропаднат деновите? Јас сум со план да искористам и лански и прв дел од 2020, нема потреба да се отвори породилното толку рано, ни се скратува од времето кое треба да го минеме со бебето