Ве молам ако знае некој да ми одговори во врска со специјалистички извештај. 7-ма недела сум и веќе втор пат ми се јавува крварење, денес матичниот ми отвори боледување 15 дена. За над 15 дена ми кажа дека ми треба извештај од специалист. Сакам да одам на преглед во Плодност, но матичниот ми кажа дека последно неколку пациентки ги одбиле на комисија со извештај од Плодност, подобро да земам од болница. Дали имате некакво искуство?
Јас цело време одев со извештаи и конзилијарно од Плодност и немав проблем, ми продолжуваа, последно зедов од болница бидејќи Плодност ја затворија нели на две недели, ми пишаа исто боледување без проблем, така да каде и да се одлучиш со оглед на актуелната состојба не би требало да имаш проблем.
Ти благодарам за одговорот. Ме зачуди и матичниот со одговорот. Ако некој има проблем не би требало да прави разлика од која болница е извештајот. Ќе те молам дали ќе можи да ми кажиш колку се плаќа во Плодност за извештај и колку за конзилијарно мислење?
Ти наплаќаат преглед 1500ден, ќе си закажеш кај кој сакаш доктор претходно, ќе кажеш дека имаш потреба од боледување поради х причини и тоа е тоа. До два месеци на комисија одиш со извештај од специјалист, после тоа мора плус и конзилијарно мислење од три лекари.
Девојки од фирма ми рекоа дека утре ке ми ги поднесат документите за патолошка до фонд.Кога да очекувам исплата?
Јас бев денес,ми отвори матичниот 15 дена,и потоа продолжува со извештајот од ремедика,ми кажа дека со тој извештај можело и до 60 дена. Дијагнозата е 020 ,јас сум 13та недела. Значи на 30.04 треба повторно да одам кај матичен да ми даде боледување за месец април,т.е за овие неколку дена и тоа боледување го носам во фирма? И потоа кога ке завши мај исто така идам да ми издаде за месец мај.? А следен извештај од специјалист му доаѓа да извадам на втор скринкнг кога ке бидам... Тууу ова сложено,а ми кажа сестрата таму дека електронски ги праќале заради ситуацијава,но никаков документ не ми даде освен што го копираше извештајот што го носев. И се јавив на работа да ме пишат на боледување.
Извештајот од специјалист колку дена може предходно да се извади за да го поднесе матичната на комисија.Ми важи до 24.04 а утре имам закажано во систина утре сме 22.04 дали може утре да го извадам или мора да е самоеден ден унапред
Девојки знаете ли до кога важи ова со отсуството од работа само со потврда за бременост поради вондреднава ситуација? Мене боледувањето ми го затворија и ми рекоа кога ќе заврши ќе ми отворат повторно за да не одам по клиники во периодов за конзилијарно?
Јас колку што знам продолжија уште 1 месец вонредна состојба.Така да ако не се лажам датата беше до 18 Мај е сега ќе видиме како мр се одвива ситуацијата.