Кај мене можеби зошто првпат би требало од ФЗО да земам плата, па доцнат. Тебе ќе ти пуштат овие денови штом минатиот месец било околу 26ти. Навикната плата да земам редовно до 10ти, ова ми изгледа мн чудно сега, ко без раце се чувствувам, само со на маж ми платата
Ако ги мрзело да однесат од работа ќе чекам др месец, нема првпат да им биде... ептен е безвеза ем малку ем без пари...
Јас вчера проверив, немаше. Денес пак ќе тркнам до банкомат Уште сега земам од фонд. После сум со потврда, на товар на фирмата ,па ќе си земам плата без каснење. Не ве прашав, како го продолживте боледувањето? Ја требаше уште мај да сум на боледување ,после да отворам породилно, дека нели на паталошка 45 дена пред термин се отвара. Ама ми рекоа не давале боледувања веќе, да си одам со потврдата и така направив. Ај бар нема да мора да отварам породилно толку рано.
Zosto ne davaat boleduvanje? Mene vekje vtor pat mj prodolzuvaat po 3 nedeli. Kako ke se vodite so potvrdata? Na koleska j kazale od admjnistracina deka isto kako na boleudvanje so pomala plata .
Па јас мислам со цела плата. Фирмава моја моментално не работи ама им исплаќа на вработениве цела плата. Не би требало на нас труднициве да ни намали плата додека другиве исто седат дома и земаат цела Кога ќе одам да ја доставам потврдата баш ќе прашам за платата. Инаку мене ми рекоа дека не даваат поради тоа што сега сите трудници се ослободени и да си одам со потврдата. Ама мислам да не е за тоа што јас уште сега требаше да сум на паталошка, после ќе отварав породилно. Којзнае
Нема ни кај мене а толку бев сигурна дека ќе не' израдуваат денес... со список за Енци Менци тргнавме убедена дека ќе има додека разгледуваме и одбираме
Нема врска дали си првпат или трети пат од фзо. Јас земав плата на 1-ви, а првата исплата од фзо ми беше 2 недели после тоа, околу 15.април.
Незнам колку има врска, првпат воопшто сум на некакво боледување. И првпат вака преку ФЗО. На 3ти поднесени документи, јас сеуште немам исплата досега. Плата зимав во првата недела од месец секогаш
И јас сум првпат на боледување, првата исплата од фзо ми беше 2 недели откако зеле плата во фирмата. Проверете си или во фондот или во фирмата.
Јави се во фонд за здравство ,ќе ти кажат што е работата. Можеби тие од работа не ги доставиле документите, можеби некој документ дофалува. Мене минатиот пат ми фалел документ па ми кажаа кога се јавивме да прашаме. Ќе кажеш име презиме и матичен бр и ќе ти кажат. Јас ако немам до понеделник пари, ќе ѕвонам пак.
Ќе ѕвонам, ама баш на 3ти сметководителката наша, ми се јави за да и скенирам трансакциска с-ка и на меил им ги пушти документите.лично не дозволуваа да се носат кај нив документи. Сметководителката пушташе плати за моите на работа и во истиот момент и моите документи им ги прати. Ќе им ѕвонам во понеделник тогаш.
@Alishan30 и кај мене ги носат од фирма. Им реков јас не е проблем и лично јас да ги носам ми рекоа не правеле така, подобро било по службен пат. Па така еднаш нели два листа даваме, едниот го изгубиле и не ми јавија од работа, туку во фонд кога се јавив ми кажаа фали документ. Вториот пат од фирма не им пратиле работни часови, па човекот од фонд ми објасни, средивме тоа и после неколку денови пуштија. Сега пак се прашувам што ги нема @lovely12 јас на овој ѕвонам
Кај мене сеуште нема исплата, ѕвонев на бројот никој не крева. Ќе ѕвонам утре пак ама порано. На странава пишува до 16.30 работат, а ваму никој не се јавува