Не знам ама имам прочитано дека исплатата секој месец е по групи и во различни денови па затоа така пишав. Штом немаме, значи не ни е дојден редот за април нас После празникот да се надеваме дека ќе не' израдуваат
Не знам како оди тоа со групите, јас се јавив, дадов матичен број и ми кажаа дека денес,или вторник ќе имам исплата. Проверив, имам.
Најверојатно имаш грешка во пресметката од плата. Мораш да ги контактираш во фирмата, тоа сама не можеш да го средиш. Ако сакаш напиши што ти пишува, ќе ти кажам што ти е проблњмот
На кој број ѕвоните за рефундација на клексани 20 дена поминаа од кога имав поднесено. Ако може некоја членка бројче да пише
Кај мене уште нема незнам што е проблемот има ли и други што уште чекате за април? Кога од прилика ги поднесе документите...чисто да се ориентитам кога би дошла на ред ☺
Ох не знам да ти одговорам на ова, жал ми е, јас ги носам во фирмата, а оттаму преку правна служба ги поднесуваат во Фонд, така од почеток ми рекоа и досега секогаш им биле навремено однесени. Јави се во фонд по матичен број можат да ти кажат дали е се во ред со документите и дали им се сработени.
И кај мене од работа ги носат мислам дека на 15ти ги поднесоа можеби твоите се порано..како и да е ќе се јавам утре да прашам.
Јас немам уште исплата, денес им пишав на маил ми вратија деја имало грешка со документите па ми бараа број од матичниот гинеколог најверојатно нешто има утнато, и одма средиле па ми вратија исплата тек следната недела.
Еве повели нема проблем на овој маил пиши им име и презиме и матичен број брзо враќаат KaterinaS@fzo.org.mk.
Девојки, да ве прашам дали кога се приложуваат документите во фондот се чека ред, бидејќи постојано е гужва таму?
Јас не сум одела туку од фирма ми ги носат по ново електронски ги праќаат.Ако има некој што ги носи лично нека каже.
До сега се преку матичен одеше електронски. Деновиве ако има измени ке ти каже матичниот па лично да ги доставиш.