Женички да прашам дали некој иде во ГАК за продолжување на Патолошка еднаш бев ми продолжија ама на договорено преку врски дали морам пак да фаќам врски или може и така едни викаат дека може други викаат не
Прво матичниот гинеколог ти отвора две недели боледување, потоа (ден-два пред да ти заврши боледувањето) носиш извештај со дијагноза поради која бараш да ти се отвори патолошко боледување од ГАК, Чаир, Ре Медика или Систина и твојот матичен гинеколог го праќа до комисијата, заедно со неговиот извештај. За ден-два би требало да добиеш одговор дали ти е одобрено или не и до кога.
На боледување сум од 18 мај. Две недели добив од матичната и после тоа добив месец од комисија, па по истек на тоа добив повторно уште еден од комисија. Е сега ми се јавија од сметководство ми кажаа дека документите ми се поднесени до фондот за исплата на плата од 18 јуни. Ќе може ли да ми кажете колку проценти од плата исплаќа фондот? Читам различни мислења некои викаат 70% некои 90%. Со дијагноза сум заканувачки абортус 020.
70%e..I jas bas kako tebe ,od 18maj...sega zdravje treba da zememe od fondot..ali koga ke bide koj znae..ke pocekame
Кога ми се јавија од сметководство сабајле ми рече тој дека фондот исплаќал 90% од плата. Е сега јас на форумов читав различни мислења некој 70% некој 90% ма да искрено не ми делуваше сигурно човеков од сметковоство кога ми кажа 90% само ми рече дека кога ќе ја земам исплатата за јули тогаш ќе сме знаеле колку поценти исплаќа фондот. И ми рече дека откако ќе се поднесат документите во фонд за одприлика околу 2 недели би требало да имам исплата.
Фондот исплаќа 70%. Првиот месец боледување го исплаќа фирмата, и може да ти исплатат и до 90%. Фондот не.