Го отвараш кај матичен гинеколот, тие 45 дена си преку фонд ама исплата ќе добиеш откако ќе се породиш. Јас бев од 1.09.2019 45 дена пред термин. На 10.10 се породив,околу 28ми 10 (го чекавме изводот на бебето) поднесовме документи директно во фонд. Прва исплата имав на 08.11, за септември, а на 11.11 за октомври
Моето е од вчера отворено породилно. Матичната дава боледување за до 22ри, конкретно кај мене, бидејќи бев патолошка бременост, и уште еден документ каде што пишува од кој до кој датум е породилното отсуство. Тие 2 документи ги однесе маж ми кај мене на работа, и тие ги поднесуваат потоа во фондот за здравство. Одкога ќе се роди бебе и извадиме извод ќе се однесе исто на работа за да се направи здравствена книшка и потоа и во фондот за да се комплетираат документите и да стават и тие од нивна страна печати. Мислам дека ако помине 1 месец додека се породиме а веќе сме на породилно, ќе ни биде исплатен тој месец нормално како што ќе си продолжи и следните месеци
И кај мене уште нема... Ќе почнам да се јавувам по фирми и фондови да проверам, никогаш толку не доцнеле
Дали го отвараш откако ќе се породиш или на датата на која запишала комисијата. Сега се слушнав со матичната, ми кажа дека се отвара после породување но со таа дата од комисијата. Дали е точно ова бидејќи различни информации добивам од сите. Поздрав
Се слушнав со матичната, ми рече дека тој документ за породилното го даваат откако ќе се породам. И јас сум на боледување до 30ти а на 31ви треба да отворам породилно. Исто и во фондот се јавив и ми рекоа дури откако ќе се породам да поднесеме таму документи бидејќи од кај мене од работа ништо не поднесуваат, морам сама. Ако си од Скопје, ќе може ли да ми кажеш која ти е матична бидејќи ионака сакав да ја сменам мојата, само погрешни информации ми даваат. Поздрав
Јас бев до 31.08 на боледување од комисија, пред таа дата отидов кај матичната и таа го отвори ,ми даде образец со дата од 01.09- Откако се породив на образецот имаше точна дата од, до
Фала, тоа сакав да го знам бидејќи дефинитивно овие не ги бива а и мене ми е чудно како може тогаш ретроградно да отворат. Ако си од Скопје, те молам пиши ми која ти е матична.
Не сум од Скопје, во тиквешијата ми е матичната. Не ми е јасно нешто, термин ми е 06.10 а на породилно сум од вчера. Ако ми пуштат пари по 06.10 тоа значи дека 1 месец нема да имам прилив на пари од никаде?
Бев кај Надица во мама, после пораѓај си заминав од таму Да,веќе си под фонд и пари ќе добиеш откако ќе се породиш,ќе поднесеш документи. На породилно сум од 01.09 ,Се породив 10.10, поднесовме 28.10, прва исплата 08.11 -за септември, втора на 11.11 за октомври