Овие од раб. Ми се ненормални! Ми се јавуваат да ми кажат дека и да сум на патолошка, следниов месец кога ќе ми заврши договорот можеле да ми го прекинат!?!?! Толку се безобразни значи само да вознемират некого, да си у странство ќе ги тужиш за стрес. Осет немаат. Па уште се заканува можела, па да сум барала др. Фирма да ме пријави... Абе кој им даде право со години на определно да даваат договори. Скапаници
Е како може така бре.нема право да те отпушти.Ај не се нервирај те молам...мисли на бебче,ќе се најде некое решение.
Не смеат да те отпуштат од работа, додека си на боледување. Слободно консултирај се со адвокат, за да си тужиш. Си има закон кој ги штити луѓето кои се на отворено боледување
Па и јас така знам, дури ни она боледување 7 дена да е па не може да те избрка...не знам ама ми го дигнаа притисокот..ем не си им на товар ем пак нешто мрчат скапаници.
Не се откажувај. Секој кој сум го држела на боледување оправдано, не им можеле ништо. Е сега штом го затвориме за 2 дена следувал отказ, ама небитно е зошто ако си патолошка веднаш ќе преминеш во породилно и ништо не ти можат
Искрено не но мислам да се вратам таму веќе, само сакам брмееноста да си ја истерам и породилното и да не ги гледам. У државава не смееш бремена да останеш, а сакаат наталитетот да расте,епа без пари нема да расте,ментални
@jarec6 приватниците те користат до крај. И се крајно безобразни. На едно место одам на интервју и газдата прво прашање дали си трудна дали планираш да бидеш трудна. Една веќе ја плаќаме на патолошка не ни треба уште една. Кај нас на работа ќе те остават и патолошка и породилно но чим се вратам или казнена експедиција на друго место надалеку од дома по можност или не го продолжуваат договорот. Плус не ти ги даваат одморите што ти следуваат. Стандард за сите жени е така.
Kako da rabotime u ista firma... kolku sto znam ne smeat da te otpustat... informiraj se so struchno lice kako da postapis
Не смеат да отпуштат никого додека е на боледување. Ама кога ти завршува договорот, можат. Е сега, прашање е дали договорот ти завршува додека си на боледување. Консултирај се со сметководител, а ако треба и со адвокат.
Нема врска што ти завршил договорот. Не смее на боледување да те отпушти. @jarec6 немој да си оставила така или недај боже да потпишуваш нешто. Колку сакаат нека се закануваат. Ништо не ти можат, ако си на боледување не смеат да те отпуштат и има големи казни.
Не попуштам и не потпишувам ништо. Им реков слободно одјавете ме па ќе се тужиме. Вие знаете ама знам и јас дека терате со сила за 50% плата да се седи дома. А за после породилно да ме молат не се враќам, не па да ми е гајле дали ќе ме одјават. Во секој случај едно нешто кај нас без нервоза не се поминува, тоа ми е муабетот.
Ехеее јас и закани добивав од газдата дека ќе ме избркал јаки луѓе имал па ќе сме се тужеле со години, па после нареден месец пак се јавуваше да му ја враќам платата што ја пушташе од 70% па после виде не виде фин еден период што треба да се помогне ако треба нешто кажи и сега на крај ми вика да ми потпишеш отказно дека ќе си одиш после трудничко си викам дека треба ѓубре да си и да идеш два дена на работа па боледување да земеш...и така да го тегнеш со месеци за вакви гадови. Во секој случај ти биди си раат не може да те избрка системот не им дозволува да те одјави зашто се водиш на боледување и нареден пат ако ти се јават и стрес ти направат кажи им дека ќе ги пријавиш па нека кршат глава на патолошка не си од ти што сакаш од што мораш,а стрес не ти треба искрено
@jarec6 Прво и најважно е да не се нервираш, зошто можеш да си направиш проблем. Значи во твојот случај не станува збор за отказ. Ти завршува договорот и ако они немаат добра волја да ти го продолжат, имаат право да те одјават од понареден месец. Забраната за отказ важи за оние чии договори се или на неопределено или траат за време на бременоста. Знам дека ова како одговор не ти се допаѓа, ама реалноста е таа. Така да, ако стварно не сакаат да ти го продолжат договорот, мораш навистина да си најдеш фирма да те пријави за да можеш да земаш потоа породилно. Секаде важи ова, нема врска Мк или странство.
Значи сепак законот никако не те штити? Крива е државата што со години им дава да те влечат со договори,пак ќе кажам. А кај мене не е поентата да не се нервирам, јас без плата не можам да преживеам, значи никако...
Се нервирам сега за целава ситуација, не знам кој правник да го прашам... Што треба сега ако ме отпуштат јас да не го родам бебето? Добро бе оваа држава има ли некаква заштита, не само за трудницо, општо за сите луѓе, страшно се нервирам дури плачам. Јас не сум во можност да родам,ако немам примања...
Нема врз која основа да те штити ако фирмата не сака да ти го продолжи. Прочитај си и во договорот, мора да стои дека раб. однос престанува со истекот на времето за кое е склучен, а кој е потпишан и од твоја страна. Евентуално да има клаузула за автоматско продолжување доколку фирмата или работникот не дадат изјава дека сакаат да го прекинат пр. еден месец пред истекот - ама ова тешко веројатно. Провери си, не може да си зијан. Секој може да преживее, не мисли негативно. Извини на прашање, не мора да одговориш, таткото нели може да помогне? Твоите?
Абе јас знам како е кога завршува договор,ама исто така знаев и дека кога си на боледување дека не може да не ти го продолжи...е сеа освен ако патолошката не е боледување. Пошто јас сега бев на боледување од матичен и не можеа да не ми го продолжат затоа само на месец го продолжија. Затоа не ми беше јасно како може на патолошка да не го продолжат. А за помош да дечко ми работи зима 20 000 плата, ама јас плаќам 18 000 денари сметки. Не може да ги плаќа и моите и да не чува со детето. А од др. луѓе помош немам.
види може за консултација било кој адвокат кој е сконцентриран на деловно право , ако не најдеш никој пиши ми лп ќе ти дадам број од тој што ми ја водеше фирмата многу убаво ќе ти објасни , а инаку ако си на патолошка и да ти истече договор на определено законски мораат да ти го продолжат доколку имаш коректна документација за продолжување на боледувањето , и така ќе тераш до трудничко.... ако си даде за право да те одјави додека си на боледување можеш одма до го пријавиј и да тужиш и не трае таа парница повеќе од 3 месеци со што одма ќе му се даде глоба да ја подмири која е минимум сега 3000 е па после се тужите, слободно објасни му го ова на него ( газдава ) да си направи математика дали му се исплати да те отпушти за некој месец и да не ти исплати плати или да си плати јака сума инспекторат ... Важно е да се свесни големиве газди дека и ние како работници си ги знаеме правата , а ако си во право и ако не се работи за некоја дупка во законот има каде да се обратиш и може да се издејствува нешто