Еве и ова може да ти помогне: https://akademik.mk/praksa-sprotivn...-neprodolzhuvane-na-dogovorot-za-vrabotuvane/.
И јас вака мислев дека е,како што кажуваш. Ќе видам од понеделник и со матичната и со некој правник. Зошто ова вака не се издржува. А и што им сметаш кога си на терет на државата не сфаќам, само да се изживуваат
И патолошката ти е боледување т.е. истото боледување го продолжуваат од матичниот што ти го имаат дадено не си со престанок и он мора автоматски да ти го продолжи нема опција за да те одјави, да си работела и да ти истекол договорот тогаш не е обврзан да ти го продолжи договорот али ако на тебе не ти го продолжи и доколку вработи друг на твое место имаш право на тужба дека ради бременост(дискриминација) тебе не ти е продолжен. Моја познаничка што е доктор имаше ситуација кога не можеше да ја одјави докторката зашто земала 15 дена боледување од специјалист и она мораше да и го продолжи договорот уште месец дена и она се врати од боледување два дена на работа после пак друго боледување подолг период вака правеше
Епа мене ми завршуваше договорот сега на 1ви септември, ама пошто од 27август сум на боледување, ми го продолжија, само на 1 месец, заради тоа и си викам не може да не ми го продолжи,инаку они уште сега ќе ме откачеа...
Затоа ти викам они секако мораат да го продолжуваат а тоа што психички те малтретираат и те нервираат тоа си е башка само стресови да ти направат за да се откажеш од работата не им се замарај
Порано беше, на 5 години да те пријавуваат на определено. Сега законот е сменет и намалено е на 2 години.Ако си веќе 2 години во таа фирма, тогаш треба да имаш договор на неопределено.
И не ми се јасни газдиве, ништо не плаќаат додека си на боледување, фондот те плаќа и пак се нешто се бунат. Што ги кошта да те остават таму на работа додека ти заврши и породилното, секако не си на нивни товар.
@GolemaMala кај нас е сеуште на години даваат решение. Платата не расте тие пет години и после нив се покачува за мизерни 500 ден. Претходен стаж не ти признаваат. @jarec6 во слична ситуација сме. Јас сум на патолошка со тоа што овој месец што помина фирмата ми го плати, понатака сум на товар на фондот. Е сега кај мене пуштија плата и осигурување а на непродолжен договор. Ме мотаат демек сметководителката не била тука. Не можат да ме испуштат затоа што како што рече членката во случај ни јас ни они да не се изјасниме пред истекот на договорот автоматски се продолжува. Друго ми е зборот. Исто како тебе прашував дали ќе ми следува породилно ако изгубам работа пред истекот на бременоста. Матичната ми рече чим имам 6 месеци непрекинат стаж истата година кога сум останала трудна ни следува породилно. Имале таков пример кај нив мајка која отпосле си избркала документи и си средила. За здравствено ќе си средиш со момчето или родителите. Незнам кој месец си ама не се откажувај. Еве сведени сме на минимум со сопругот па не сме страдни за храна и основни потреби. Бебето нека ти дава сила, се ќе биде во ред. Не дозволувај идиоти да ти ја расипат бременоста не постои причина доволно вредна за да се држиш под стрес.
Здраво. Бидејќи сум нова имам едно прашање. Вака од 17.07 сум на патолошка, а претходно имав боловање од матичен со тоа што за 07 месец регуларно за тие денови плата пушти фирмата. Имено ме интересира дали за преостанатите 13 дена фондот исплаќа дел или почнува од 08 месец со исплата во мојот случај. Ви благодарам