Не мора во ГАК,можеш во приватните побрзо ќе завршиш и не прават проблем.А и не те прегледуваат сите три доктори,само еден...и само тој преглед се плаќа,како обичен преглед.после 1 или 2 часа ќе ти јават дека е готово да си го земеш.а некогаш е и веднаш.зависи директорот дали е во тој момент таму или не,бидејки и од него треба потпис и печат.Барем јас така правам во ремедика.а во гак баш како е не знам
Вчера бев во ГАК со упат на кој што ми залепи матичната ливче со молба за конзилиарно. Не беше некој извештај само изнапишаа се што им текна и потпис и печат од лекарот кај што бев на преглед. Па ме пратија кај комисијата таму докторката ме одби за потписи.вика доволно е овој потпис шифрата и да пишува совет мирување и боледување. Баш до пред малку се секирав дали ќе признаат еве ми одобриле. Не си ги троши парите приватно. Поради коронава комисија признава и без три потписи само со шифра и совет на извештај од специјалист. Бидна за еден ден се.
И јас така бев во гак па ми продолжија од комисија само 15 дена па наредно бев во чаир со потпис од тројца доктори за два дена ги даваат некогаш за еден
Наредно кај мене е даден совет да се отвори породилно. Незнам дали ќе можам барем уште 15 дена од матичната да земам па после да отворам.
епа секако дека може,ако сакаш да го продолжиш ,ќе треба ново секој месец ако претходното тие е било 30 дена или на 2месеци ако е 60дена.моето го издаваат за 60дена на пример.
Епа и моето сега што ми е на два месеци до 12.10 е па за после тоа викам ако може пак ново да извадам за два месеци таман до декември и после тоа пошто до јануари ќе влезам во девети да си го отворам породилното
За каде кога поднесувам ,за на комисија ли? тоа матичната прави јас не.истото конзилијарно мислење го праќа до комисија.На пример сега имам од 15'09 до 15.11 .а комисијата одобрува за 30дена т.е ми одобриа за 09.месец.со истото мислење кога ќе треба матичната праќа до комисија и ќе одобрат и за 10.ти месец.
Можеш да .само после комисија колку дена ќе одобри не знам.Знам тие што се на патолошка бременост.комисијата им отвара породилно 45денс пред термин за пораѓај.тоа тука на форумот го прочитав
Da za na komisija, deka procitav nekade deka trebalo i novo spec mislenje za vtorite 30 dena..a maticniot znam dava predlog.. znaci samo konzilijarnoto go prakas?
Не мора да значи. Мене ми го продолжија боледувањето до 15 дена пред термин. Ми истекува на 30 09. Од 1.10 планирам да си го земам одморот, а породилното да го отворам на денот кога ќе се породам. На патолошка сум од февруари.