Mozno e da e toa... mene ne me isplatija za juli poso 01.07-30.07 imav bolovanje pa 31.07 so avgust... koga go odnesov i vtoroto u fond po dve nedeli dobiv za dvata meseca..
Mozhe deka na 11.09 podnesov dokumenti a toa beshe petok,a plata ni pominaa na 14.09 ,izgleda toa e prichinata sho nemam denes
Јас се извинувам на грешката сега проверив во листовите конзилијарно ми наплатиле 2650. Последно што правев скрининг ми наплатија 4550 па ми се испомешале сумите. Како е можно вас на приватно да не ви наплатат за конзилијарно? Можеби бременоста таму ја водите или планирате да се породите таму?
Da jas sum so IVF bremena i tamu odam na pregledi i mene konziliarno ne mi naplakat samo preged koga odam .
Ремедика ја водам бременоста,здравје и порајѓај. Плајќав преглед само со тоа и без никакви дополнителни трошоци ми даваа конзилијарно.
Да докторот ме гледаше на ехо. Предходно му кажав какви проблеми имав дека прокрварував и бев исто како болна, а не трудна, главата ми паѓаше цело време имав потреба да лежам и постелката ми беше ниско. Врз основа на прегледот ми напиша лекарски извештај и препорака за мирување и боледување.
Епа најверојатно затоа што си ги водите бременостите во приватниве болници и таму ќе се пораѓате имате некои привилегии и не плаќате конзилијарно. Јас одам само за конзилијарно и на скрининг па затоа ми наплаќаат. Бременоста си ја водам кај матичната моја.
Па земав да. Зборот ми е кога ќе ми истече боледувањето и пак кога ќе одам во систина за конзилијарно повторно ми наплаќаат и многу трошоци ми дојдоа. Затоа прашав во предходните постови која е процедурата за на ГАК.
Ако ти важи за 60 дена..,значи ќе отидеш за два месеци пак ,што и не е баш многу трошок,башка и преглед имаш од специјалист ако е.специјалист.Според мене тоа се повеќе исплаќа него сега во вакви услови да се мавташ ГАК.плус па и ако се чека многу,не знам како е.Ама сепак изборот е твој.Важно бебла да е во ред и да се роди живо и здраво
Ми дадоа 60 дена само што тие 60 дена поминаа. Откако поминаа првите 30 дена матичната ми кажа дека конзилијарното ми важело само ми требало нов лекарски извештај и ај пак во систина за извештај и пак пари како да сум вадела конзилијарно. Се јавив денес кај матичната добив одговор на ГАК не давале конзилијарно туку само во Чаир и земав упат за таму па ќе видиме што ќе испадне. Бебка е супер си клоца си мава. Денес со мм прв пат видовме и стомакот како ми мрда додека бејби клоца. Чувството неописливо. Една недела е помало според мерките, а јас и мм така крупни машала па се чудиме бебево на кого ќе е ситно.
И моето клоца,а малечко бре,си викам од кај таа сила ја има..а 21недела сум ,тек што ќе биде понатаму... вие која недела сте?
Денес 24. Стомакот рипнат. Не можам веќе да се виткам како предходно. Почнав да осеќам журки со клоцање и во 6 саат сабајле .
И јас приметив сега на сметка мањак сум по 500, по 700 од платите ама неможам да се замарам битно ме исплатија, јас рачунам 70% од плата а фалат над 1000 кај мене што одземале бог знае Дека наеднаш ме исплатија задоволна сум, а баш следен пат ќе прашам зошто така
Лили, јас како тебе исто, пишував во труднички или второ тромесечие за истиот проблем во јули. Платив 2500 за извештај и конзилијарно без преглед ни на ехо не ме виде докторот. Мислев тоа е се и да ја напуштам Ремедика од пулт ми викаат за наплата 2500, а јас молам!??? Почнав да се карам, па на докторот се јавив викам што е ова плаќање и ми кажаа дека во месец јули прв пат доаѓам во Ремедика, ако повеќе пати истиот месец сум била тогаш немало да ми наплатат
Еве јас ти кажувам како е денеска бев во чаир за конзилијарно. Зимаш упат од матичен за конзилијарно во чаир идеш таму ич нема гужва јас денеска одма влегов те прегледува докотр ти пишува извештај и плус пополнува тоа за конзилијарно и толку ти викаат за два дена да дојдеш да ги земеш извештаите за да ги потпишат докторите и толку