Фала ви ...малку ми е чудно кај доктор што не ти ја знае историјата,ама штом така налагаат правилата така ќе направам.А не прават проблем,даваат извештај?!
Lady's bremenka sum 10ta nedela imam hematom I doktorkava so situacijava I merkive mi veli doma odmaranje. E drugata strana gazdite NE sakaat da Ms pustat da rabotam OD doma iako rabotata vo celost mi go dozvoluva toa. Kako izbor mi e pataloska.. Kako e procedurata, davaat li pataloska voopste so ogled Na toa sto trudnicite SE "oslobodeni" OD rabota.
А зошто ви го продолжуваат само на 2-3 недели? Наместо одеднаш 1 месец да дадат, тие 100 пати да отидеш, не рабирам стварно, кај мене не беше таква ситуација, јас бев две недели на боледување од матичен, после тоа ме испрати на конзилијарно на ГАК и тие ми го продолжија на месец дена, уште од прва. Не разбирам зошто вака ве маткаат.
Е ајде де ем викаат да се пазиме да не се движиме ем те маткаат навака натака на неколку членки ни имаат продолжено вака. И кога дојде ред за исплата на два пати ме исплатија за еден месец дека два пати вадев за еден месец.
Мене со извештај од еден специјалист од ГАК ми ја продолжуваа целатс бременост комисиски никогаш не ми побара матичната конзилијарно зашто сега не издаваат од ГАК, а приватно даваат ама па ете немав потреба.
Жива глупост е тоа, треба да даваат на месец дена, за сите! Ова вака само хаос прават по болниците, особено па бремени жени, кај сме во сред пандемија, па уште и ова да чекаш по 2 саати на ГАК или во Чаир, на секои 2-3 недели, а кај се останатите прегледи...
Абе треба по 60 дена и така на конзилијарното така си пишува дека може од 30 до 60 дена ама овие од комисија се криви не маткаат. А има некој од нас што стварно несмее да се движи...
Тоа знам дека е така пошто на ГАК немаат сега заради ситуацијата, ама во Чаир имаат затоа и напишав дека одам во Чаир. Мене ми е пошто ептен кратко ми продолжија од комисија и пошто не сум од Скопје на секои 2/3 недели да се мавам по болница за извештаи, незнам зошто не рекле од комисија конзилијарно да однесам сега туку пак само извештај. Незнам ни јас,највероватно заради Кокоронава се е сменето, ама баш заради тоа треба да не одиме по болници често, треба над 30 дена да даваат. Стварно се без осет и мора се да се комплицира, на нас одењето и чекањето по болници треба да ни е сведено на минимум, а не да не мачат намерно и од гз да ни го вадат боледувањето.
Мене ми го продолжуваа на 1 месец и стварно е мака да одиш секој месец особено ако не си од Скопје, а незнам со конзилијарното колку ќе ти го продолжат пак е тоа може во зависност од дијагнозата и од комисијата...
Јас денес бев на комисија, со извештај само од еден специјалист со дијагноза О20.0, комисијата ми одобри до 15 декември, а потоа да одам со конзилијарно, значи нема правило се зависи од комисијата колку ќе го продолжи.
нешто не ми е јасно , отворив прво боледување 14 дена од матичен , со извештај од специјалист добив комисиски уште 30 дена , после овие 30 дена имам одмор да земам па трудничко веќе отварам ..... за тие 14 дена треба да ме плати фирмата , а за тие 30 дена нели оди преку фонд 70% од плата така ???? или грешка сум некоја , на 01 октомври отворено боледување до 14 ти треба фирма да ме плати па за остатокот чекам за пола месец исплата од фонд ?
Здраво на сите. Дали за обично боледување од 1на недела матичната ви бара дијагноза од болница? Мене со ниско бебе ми вика мирувај 7 дена само до тоалет. И викам ок отворете ми боледување и на тоа ми одговара несмеам ако не ми донесеш мислење од било која болница. Јас сум 29+3дена и прв пат отворам боледување па малце ме зачуди. И однесов мислење со дијагноза од Систина и ми отвори конечно боледување. Само не ми нагласи колку е тоа недела или две ? Ич несакам да и се јавувам затоа што е предрска и нервозна.... само да ми заврши боледувањето и ќе ја мењам
Обично 15 дена даваат до сега мене толку ми давала матичната со двете бремености но јави се прашај за најсигурно