Јас сама ги носам документите. Штом ми одобрат од комисија боледување одма ги носам. Таа на шалтер ми вика мн рано ги носиш викам па секогаш така ги носам и си терам раб. Гајле ми е што збори битно јас да си ги однесам е сега овие последниве ќе ги носам др недела баш да видам што ќе каже.
@kukla21 па не ви е доцна пуштена, таман си е. Пиши им меил , нека ти проверат што е проблемот со матичен твој број. Јас така правам секогаш враќаат истиот ден. Мене од раб. ми ги носат иначе док.
До 5ти најкасно. Незнам зошто толку касно од Фонд ми префрлаат, ама некако не се замарам. Ми ги штедат
да ве прашам мене за мај од фирмата ми исплатија негде околу 86% од платата. Дали треба нешто плус инод фондот да ми исплатат. во април имав работено само 7 дена, импосле тоа останав на боледување
Првите 30 дена од боледување ги покрива фирма. Штом во мај си била на работа значи не си надминала 30 дена боледување и се ти е исплатено од фирма. Едит: сега видов дека си пишала од април. Тогаш пресметај колку дена над 30 си била на боледување. Тие би требало од фонд да ти се. Освен ако не е како кај мене +12 дена платено боледување на терет на фирма па подоцна да ти ги рачунаат 30те дена
Мешиња, ми треба памет да ми дадете, ако сте запознаени. Минатата недела бев на скрининг на ГАК. А, наредната треба да одам на конзилијарно за продолжување на боледување. Дали треба да се појавам со нов приоритетен упат од матичен (не сум сигурна дали ќе ми даде), или пак, со извештајот од скрининг, па ист месец, истиот, стариот упат уште важи?? Знам дека комисијата заседава во среда од 13-14ч. А знаете ли точно каде (да не лутам по ходници).
Пишав потсетување на маилот и добив одговор дека било одобрено и од понеделник ќе го дале на исплата. А јас ново ќе носам. Ццццц
Сега треба да чекаш од министерство за финансии. Срамота, неажурни! Маж ми кога беше-3 месеци чекав за клексани биле само 2 во канцеларија што спремале документи, едната Албанка едната Мак. Албанката билс нонстоп на боледување па види. Плус, две од барањата дремеле на шалтер необработени.
Катастеофа се - џабе сите фалби. Којзнае кој перел пари за што. Се ќе било автоматизирано http://sitel.com.mk/pobrza-isplata-na-nadomestoci-za-boleduvanja-i-porodilno-otsustvo