Ако ти дозволи фирмата да ги користиш мерките на владата, тоа зависи од нив. Малку е, ама ако мора да си дома, да мируваш за доброто на бебето, тие пари не значат ништо во споредба со него. Секако тоа се неколку месеци, породилното ќе ти го плаќаат 100%. Гледај како е најдобро за тебе и бебчето, за пари не се грижи.
Малку е ама така е,јас имам ,зимано по 40 000 со бонуси, ама џабе патолошката ми е на тие 18 што сум пријавена,минус 30% некаде 12 000 груба проценка.Да си пукне човек ама тоа е.
Мене патолошката 10 500 ми е, само за месечната рата на кредитот немаме да ја покриеме со моите придонеси во моментот. Ама да сме живи и здрави, помагаат баби, дедовци, вујче, тета. Па здравје кога ќе си појдам и јас на работа ќе заработиме повеќе. Така ти е во нашата држава.
Чекај уште не сум земала ова грубо пресметав ,патолошка 12, а кредит и сметки имам 18 па математикава глеј ја и пливај во долгови,ама што да правиме македонче се ќе издржи. За жал се додека постои тоа давање пари на рака вака ќе биде. Мене лично 8000 на рака ми се даваа, а тоа не е малку за просек сега за патолошката... Ајде нека сме живи и здрави со бебушите,после ќе рмбаме долгови да враќаме
Веќе кога мислам на пари не се нервирам, се смеам . Оти само кај нас се трошоците дупло поголеми од приходите, а зимо, празници, крај на јануари ќе се роди здравје момата, ама ќе се тера некако, веќе не се срамам ни од свекрва ни од мајка да земам пари. Кој рече да купи нешто, јас му додадан и нешто друго .
``Почитувана, потребно е да се достави породилното за да може да се поврзи со паталошката бидејки паталошкатави е до 22.10.2020 а Вашата работна организација ве води дека сте цел месец на ФЗО.,, - Ова ми пишаа од фзо сега треба да се породам па да однесам породилно или од кај матичната да земам дека ми е отворено кога го отворив ми рекоа нетреба нигде ништо да однесам додека не се породам
можно ли е да ми пуштат 35% од плата па другите 35 периодов?? Се изненадив кога видов на сметка дека не ми очекуваните 70% за месец октомври
Да не ти пуштиле за пола месец само? Откако останав на боледување првиот месец фирмата ме плаќаше од 18 мај до 18 јуни па после тоа остатокот за пола јуни ми го исплати фондот.
Аха е можно за септември да е пола месец бидејки тој месец боледувањето ми беше од матичен две недели и две од гинеколог. А за октомври сум со извештај и конзилијарно покриена за цел месец значи октомври уште не ми е исплатен испаѓа
Најубаво за сигурно да знаеш да се јавиш во банка или да појдеш лично да извадиш извод од сметка или да се консултираш со сметковоство.
Ќе се јавам утре во сметководство добро ме потсети, користам електронско банкарство така и видов колку префрлиле, баш ќе видам утре фала
Девојки ве молам за помош.За продолжување на боледувањето односно за отварање на патолошка треба да обезбедам конзилијарно мислење.Бременоста ми е со инвитро.Сакам да одам во Систина.Ве молам да ми кажете како оди постапката за конзилијарно, може ли да ми прават проблем односно да не ми издадат мислење? За колку време го издаваат за да знам да го испланирам со денот на комисијата? И колку би коштало?
Во систина дваат конзилијарно чини исто колку ехо прегледот 2650 се чека одприлика околу еден час додека да соберат потписи и го издаваат од сабајле после 10 часот
Девојки здраво. Ме интересира која е процедурата за промена на матичен гинеколог..., а притоа да се има отворено боледување кај него.. дали може да се смени додека е отворено боледувањето (поточно патолошка бременост) бидејќи сесрите секогаш грешат во датуми и прават проблем. Ве молам доколку некој знае да ми објасни
Сакав и јас мојата да ја променам,новата матична со би сакала да ми биде ми кажа дека не е процедура,ама ќе имало застој со боледувањето( на патолошко сум и јас),што не би сакала да е така и затоа си останав уште кај неа.Е сега дали е точно тоа дека ќе има застој мал во боледување незнам.Нека каже некоја ако е била во ваква ситуација.