Па и јас сум со 0.20 шифра од сам старт. Не ме сфаќате, прашањето ми е дали може да одам сега и да земам конзилијарно иако матичната ми вика дека еден потпис само барале. Мене и сега во Чаир ми рекоа да ти дадиме конзилијарно ама јас глупава викам не, матичната рече од комисија еден потпис бараат. Изгледа со еден потпис дека сум ми даваат само 14 дена. Мојата матична сакам да ја фатам за коса и да ја окубам влакно по влакно, се мора да ми искомплицира она.
Девојки, колку време пред терминот за комисија одите на преглед за конзилијарно мислење? Терминот од комисија ми е 15 декември, па дали 4ти декември е рано за преглед и конзилијарно?
Матичната кажува како на неа ќе и одговорат од комисијата,мене 2 пати ми бараа извештај од специјалист и сега третиот пат побарале конзилијарно,ми го копира и одговорот од комисијата.
Извини прв пат ќе одиш на конзилијарно,и каде планираш?И јас треба да одам до 30.11 ми е боледувањето.
И мене ме интересира...Иако мислам чим 6 месеци од годинава сме пријавени во фирмата ни следува.Ако даваат годинава сите,ќе даваат воопшто?
Јас колку што сум информирана сите што се пријавени 6 месеци во една фирма следува К-15 . Во фирмата каде што работам газдата воопште не сакаше да збори со мене туку се одеше преку смедководство. Не дозволи ни одмор да користам ни мерки од влада, туку директно да отворам породилно, а ако не користам породилно сакаше да ме одјави. Најверојатно ќе пријави загуба годинава и не се надевам дека ќе земам К-15 иако ми следува.
Јас си одам во мојот град во државна болница и ми даваат се што ми треба за на комисија. Ова ќе ми биде прво конзилијарно
Кај мене има за 2та половина на 10 месец уште на 13месецов, а за 1тА половина на 11 месец еве уште нема не знам зошто воопшто ги делат и не пуштаат одеднаш
Колку што разбрав немаш за првата половина од 11месец или грешно сум разбрала? Па рано е за 11месец да има исплата
Здраво девојки сакам да ве прашам,дали може да ми се отвори патолошка бременост...имам асма ,висок притисок под терапија и тахикардија,на пумпици и таблети..што мислите вие дали ако барам ќе добијам? (работам во болница медицинска сестра + со ситуацијава ризична сум хронично болна) Поздрав и Ви благодарам.❤❤