Даваат. Мене ми пишаа дека има крварење секој ден. И дека е многу ризично да одам на работа. Така да и тебе би ти одобриле.
Здраво девојки. Во декември првпат треба да вадам конзилијарно мислење па ме интересира за во Систина и Ремедика како оди процедурата, дали прво ве прегледува доктор па ви се потпишуваат и дали комисијата во следните месеци повторно ќе ми бара конзилијарно мислење.
Да ,те прегледува,па потоа се потпишуват др.доктори и директорот на клиниката.За неколку саата можеш да си го земеш. Мислењето го даваат некаде за 30,некаде за 60дена.мене за 60дена. Обично на комисија секој месец се дава конзилијарно,ама сега поради короната изгледа може и само со еден потпис т.е само со специјалистички извештај,знам имаше членки што пишуваа.јас конзилијарно секој месец носев.
Докторката од Гак ми рече дека нема да ми треба конзилијарно само извештај со еден потпис , сестрата се јавила во комисијата и така и кажале. Јас пробав да ја добијам комисијата на телефон но никој не ми се јавува. Некој нека сподели искуство ако одобруваат и без конзилијарно.
Знам имаше некоја членка што и одобрувале.Јас секако одев во Ремедика на прегледи и ми даваа мислење.
Мене комисијата ми бара конзилијарно мислење,јас го земам од Систина,само си закажуваш преглед и после прегледот ти го изготвуваат конзилијарното.Јас дека бев во петок ми рекоа да дојдам да си го земам дури во понеделник.
Ова ти е после тие 15 дена од матичен? Ако е така тогаш до 60тиот ден ќе тераш само со извештај од специјалист,е после 60 дена тек е конзилијарно со 3 потписи. И да се оди секој месец,било конзилијарно или извештај.
Ова ми е после 60 дена , докторката од Гак рече дека само со еден извештај ќе ми одобрат без конзилијарно мислење, поради корона кризава така одобрувале . Затоа се мислам дали да вадам конзилијарно.
Оф на сите различно,мене од комисиката маилот ми беше дека треба конзилијарно. Како ти пишува во маилот така,матичната знае.
И мене така ми викаат на Гак,ама зборев и со матичната ми рече да не ризикувам да ме одбијат па да имам прекин во боледување...дури и со вработен од комисија зборев и као вика да сум пратела само извештај...ама не ми беше сигурно и си извадив од Систина конзилијарно со предлог за 60 дена и ќе видам колку ќе одобрат.Баш комплицираат.
Здраво сега ќе ми биде прв месец како ќе треба да земам плата преку фонд(паталошко боледување),одкако ќе ги предадам документите во социјално кога можам да очекувам плата или нема правило?
Во фондот за здравство мислеш не социјално. Па откако фирмата твоја земе плата,две недели подоцна (плус ,минус),мада знаат да доцнат некогаш,еве сега за 10има мн што немаме исплата,ама ќе бидеее