Девојки ај едно прашање. Имам отворено боледување, поминаа 15 дена, поднесов барање за комисиски и ми продолжија до 25ти декември. После ми рекоа ќе се бара повтроно продолжување со истиот извештај. За после првиот месец како оди постспката со фондот? Јас треба да си носам секој месец документите и фонд или фирмата? И дали редовно ги исплаќаат парите? Мојата фирма има надворешна смедководствена фирма ангажирано и таа ме убедува дека јас треба да си ги носам документите или некој мој близок.
Единствено мислам дека законот ги штити работодавците ако пријавата загуба во тековната година и тогаш немаат обврска да исплатат К-15, а сигурно многу ќе бидат такви годинава.
Ако фирмата не пријави загуба мора да исплати. Мене еднаш не ми исплатија,а на другите да,дека јас си отидов од таа фирма,ама пријавив и за недела,две ми исплатија.
истото и мене ми го рекоа и стварно така беше ,комисијата на известајот ми имаше пишано следно боледување конзилиарно мислење бараат
Првиот месец фирмата те плаќа,после преку фонд...јас испратив по маил скенирани лк,трс,боледување,одговор од комисијата и документот од работа што ми го заверија на : podracnasluzbaskopje@fzo.org.mk имам инфо дека треба да поминат продонеси од фирма и потоа да префрлат,а дали оди брзо некој по информиран нека каже...еве за клексани цел месец чекам рефундирање .
Имам еднo прашање На паталoшка сум, знам дека за пoрoдилнo се пресетува прoсек oд пoследните 6 месеци, дали вo тoj прoсек ќе ми влезе и тoа штo ми се крати бидеjќи сум на паталoшка? Пример: Плата 10.000 мкд, сега сo паталoшка земам 7000 мкд, дали трудничкo ќе ми е 7000 мкд ?
Патолошкото боледување е 70% од просекот на последните 12плати пред да останеш на боледување,во просек влекува се што е поминанало преку банка. А продилното е 100 од плата
Девојки дали некоја можеби знае, веќе од септември сум на патолошка, за октомври веќе финансиски сум на терет на фондот, но сеуште нема исплата на боледување кај мене на сметка. Документите за комисија ми ги испраќаат од кај матичниот, а за трансакциска и такви работи дали лу е задолжена фирмата кај што работам или треба јас лично. Цел ден се обидувам да ги добијам од фондот но безуспешно.
И кај мене нема за 10 месец. Се јавив во сметководство ми рекоа дека документите се пратени во фонд. Значи дека до фондот најверојатно е проблемот.
Ајде помош! Имам отворено патолошка од 24.10 и ја продолжувам од месец за месец. Исплата се уште немам, ќе има ли пакетче пред нова година за мене Има ли некое бројче, емаил.. да прашам што и како е ситуацијат?
Првиот месец треба да ти исплати фирмата, значи ако си од 24.10 на боледување до 24.11 ти е од фирмата, а после 24.11 ти е од фондот, а за 11 месец уште нема исплати. http://fzo.org.mk/default.asp?ItemID=054372BB6AEC7749B113D4DF1230D274 А овде имаш број и меил од фондот, зависи од кој град си.
Сега проверив на емаил платата за 10ти месец ми била пуштена од фирма, јас мислев за 9ти е Сега останува да чекам за 11ти од фонд. Многу ти благодарам.
Женски уште едно прашање за тие што сами поднесувате документи во фондот. Кое барање треба да се поднесе бидејќи гледам дека има две : едното е за отсуство поради болест и повреда, а другото е поради бременост, раѓање и мајчинство?
Освен боловањето, трансакциска сметка и лична карта немам ништо друго поднасано. Ама ако треба барање логично ми е тоа второто.