Колку време си во фирмата? Да издржиш да направиш 6? Освен ако немаш некој сериозен проблем,нема по секоја цена да одиш. Ова чисто зошто да не си зимаш породилно,па 9 месеци плати со бебче си треба.
Ако немаш здравствен проблем издржи, не им кажувај па вади си патолошка. Јас работев со 3ти смени,на штикли, на приземје и вц на 4 спрат,не можев да стигнам до вц за да повратам,ама издржав некако. Ама бременоста ми е ок немам проблем. А грчеви си имам и ден денес. Како ти е најдобро така, јас не можев никако без примања да се оставам. Секој си знае колку како може. Се надевам се најдобро.
Или па ако се разбираат, можеш да се договориш со газдите за 2 месеци да си плаќаш придонеси и платите да им ги враќаш па после да земеш патолошка. Зависи многу и од газдите, на пример моите за никаде се, и да знаев дека се такви никалви ич немаше ни да се замарам уште на почетокот.
Мислам дека нема врска банката, туку фирмата откога пуште плата, се разгледуваат документите и од прилика за 2 недели ги пуштаат парите. Така барем од фондот мене ми кажаа.
Па да кај мене уште на 5 ноември беше пуштена платата а јас на 12 ноември ги поднесов документите и еве уште чекам денес имаше исплата ама кај мене не
Комисијата ми одобри боледување до 10 ти Јануари до кога ми беше и конзилијарното. Тоа е недела. Комисија има само Вторник, па дали некој знае кога треба да ми бидат поднесени документите на комисија? На 5ти Јануари Вторник или на 12Јануари Вторник?
Јас би ги поднела пред 5,значи кога би заседавала комисијата документите да се веќе таму,спремни за разгледување
Фала и јас така правам,ама морав да вадам од Систина конзилијарно,а докторите ми се на Гак и истите тврдат нивни извештај дека важи како конзилијарно,ама со матичната не можам да се докажам ,мислев дали има опција сами да си праќаме на комисија.
Подобро ти е со конзилијарно, зошто да си комплицираш, само извештај, па ако не ти одобрат, па од ново одење, малтретирање, поднасање.
Јасно ама со Систина немам допирна точка освен конзилијарното,си имам други доктори ама тоа е тоа,ќе си терам вака.Фала ти.
Јас вадам конзилијарно од државна болница во мојот град и документот ми е со потпис од тројца доктори. Не знам за Скопје ова е за комисијата на фондот во Штип.