Кој безобразлук значи. Се јавувам во ФЗО Гевгелија, крева човек слушалка и ми дава да барам локал. Барам локал ама не крева никој. Повторно ѕвонам на претходниот број и човеков ми вели известени се чекаат да се јавиш барај ги. Повторно ѕвонам на локалот уше неколку пати и пак не креваат.
Ако знаат и они што прават,на некој даваат месец на друг 2,немаат некој ред,мене докторката ми е на клиника и она тврди дека со нивни извештај даваат боледување,матичната вика не.Во Систина одам само за конзилијарно ама тоа е
И мене ми викаше така матичната, дека сите праќале конзилијарно, јас и реков дека сум се распрашала и да ми го пратат само извештајот и ми одобрија 1 месец , за следниот само извештај ми бараат
Здраво феминки.Дали ќе може некој да ми ја објасни постапката за отварање на патолошка бременост?Како оди по ред со документи давање?Матичниот гинеколог ми отвара боледување една недела потоа уште една недела и после тоа што треба да се достави и до кого?
Потоа ти треба извештај од специјалист и матичната го праќа до комисијата и ти продолжуваат боледување за 1 месец
на мене матичната ми даде 15 дена, па комисијата прво 15 па 30 дена за наредно треба да поднесам конзилијарно
И мене ми пишуваше на извештајот од комисијата да носам конзилијарно ама само извештај пратив од Гак и ми продолжија 1 месец
и да одиш до таму тешко да ќе најдеш некој кој ќе ти даде одговор на тоа што те интересира, не се сите на работа барем јас имам такво искуство. Преку матичен прашај си што те интересира