1. @Snow white прво одиш кај матичен. Ти дава упат за специјалист. 2. Потоа одиш кај Специјалист. Ти дава мислење и лист за конзилијарно мислење каде треба да има потписи+печат од 3 различни доктори - Специјалисти + началник на клиника/болница. 3. Со оваа мислење одиш кај матичен. Му оставаш копија од мислењето од специјалистот и ти дава документ да однесеш на работата кај што работиш. 4. Пред да ти заврши датата што ја имаш за боледување дадена според мислењето од специјалистот, одиш кај пак матичниот, и ти спрема документи за фонт. Вака е процедурата кај мене, ја правам на државно.
@kukla21 Комисија во фонд? Една недела пред да ми заврши рокот за за боледување (дата според листот од специјалистот), конечно ќе ми го даде матичниот документи и ги носам во фондот за комисија. Јас не знам дали тоа е правилен начин. Ама мојот матичен вака работи. Оффтопик: Кај нас во фонд не примаат и лекарства за рефундација ако нема печат за секој ден кој ти ги ставал.
@Annah87 има некоја промена кај тебе? Им пишав пак на маил за наводниот софтверски проблем и ми рекоа да имало проблем, исплата дури од понеделник. Не се нормални!
Таа од фонд ми пиша дека вчера поминале последните исплати и сега бидејќи не работи системот дури другата недела исплата. Немало привилегирани, ете така се случило.
Е зошто де?! Пиши ако сакаш и ти во фонд, па да видиме дали исто ќе ти одговорат. јас ептен и се напнав на таа што ми пишуваше. На 31.05 однесов за мај, а денес за јуни. Плата земаме првите 5-6 дена во месец. Хаос се. Или друго ме прашуваш? За комисија нешто?
За комисија прашував, кога ги носиш. Во фонд. 1. Веднаш кога ќе земаш конзилијарно мислење 2. Или било кога додека да заврши периодот од конзилијарно мислењето? Инаку за плата и кај мене е исто. Вчера колегите од фирмата земаа за Јуни. Ни дават пред време. Ама јас добив испата за мај, разлика од денови.
Пак сум збунета што ме прашуваш. Значи комисијата решава за боледување чим надмине 15 дена боледувањето. До 60 дена треба мислење само од специјалист. Над 60 треба конзилијарно. Одиш на матичен, ти дава предлог за комисија, одиш со конзилијарното на комисија и ти даваат документ. Со тој документ се враќаш кај матичен и ти дава боледување (ИСР образец). Чим го имаш овој документ можеш одма да носиш во фонд.
уф моја грешка. Јас мислев за комисијата во фондот Конзилијарното мислење со потписи од тројца специјалисти се вика комисија? Едит* Те молам земи метлата, забриши ме. Да не збунам членките.
Ете моја грешка. Јас не ги знам како комисија, бидејќи кај нас лично ги бараме еден по еден низ болницата Не се собираат, ни па читаат што пишува. Некогаш и сестри удараат печати место докторите. Пример мене хигиеничарката ми удри потпис место началникот
Ама тоа што ти кажуваш е докторски тим кој дава конзилијарно мислење. Тоа се носи на комисија која ја формира ФЗО за да даде боледување.
Дечки, читајќи ве ми текна нешто, можеби е глупост Ако имаш конзилијарно боледување во кое пишува две недели, дали кога носиш на комисија (во Букурешт) може да ти одобрат еден месец... Така разбрав, иако малку ми е чудно
Какво е тоа конзилијарно од 2 недели? И не, одобруваат само во рамки на датите кои се пишани на конзилијарното.