Јави се обавезно кај матичната и нека ти помогне побрзо да одговорите на отвореното барање. Во спротивно, се чувстуваваш како да ти е загрозено работното место, за жал.
На крај знаете што излезе, дека комисијата испратила одлука и дека ми траело до 31.12 боледувањето. Од кај матичниот не ја добиле одлуката и немам никаква покриеност овие 12 дена. И сега едните ми викаат ние ќе ви пратиме доказ дека сме доставиле одлука, другите ми викаат дека ќе ми пратат доказ дека не добиле ништо. И сега јас лебдам во вакум, среќа што има уредба во законот според која трудниците физички немора да присуствуваат на работа, инаку ќе добиев отказ бидејки ептен ми се нарушени односите со газдата. И денес цел ден нервози уште чекам да ми се јават од кај матичниот, од комисијата црвсто тврдат дека не е кај нив грешката. Сите ми викаат ќе ти се јавиме и тоа ми го крева притисокот. На крај ќе излезе ја да си ги покријам овие две плати ете од нашата држава ништо веќе не ме ниту чуди ниту изненадува
Извини ама не ти текна порано да се јавиш во фонд? Искрено не знам како си можела да чекаш без инфо толку време... факт е дека имало пропуст некаде.
Абе човек секој ден вртев, кај матичниот ми викаа чекаме одговор не се секирај покриена си ти ќе те бараме. Во фондот не знаат ништо ми велеа епа така е со некои боледувања ќе се укочи работата некаде, комисијата дури денес успеав да ја добијам. Мислам вујко ми не е владика па да најдам контакти и телефони. Кој не работел ради празници, кој не примал ради корона. Денес буквално у Букурешт не се мрднав од пред врата 4-ри саати додека не најдам некого, за нешто што е процедурално и формално. Иде се по електронски пат и на крај излезе дека се препуцаваат матичниот и комисијата и што да направам јас тука...
Да И стварно е хаос, за ништо нема термини, никој никого не прегледува Сега за да се исправи работава дите докази ќе ми праќат кој утнал, а ја со тоа што можам да направам, ништо. Два месеци без примања и плус на приватно да си го продолжам боледувањето за да имам породилно луда работа. Среќа има уредба у закон иначе и отказ ќе добиев... И на крај не де нервирај мисли позитивно, а се е ова зашто на газдата му текна да останам дома да ми плаќа фондот него услуга да му направам епа му направив а сама себе се закопав
Па изгледа така ќе биде,нема шанси фирмата да ти плати? Барем придонесите...не се нервирај ајде,дали можеби некако во фонд би излегле во пресрет да доставиш сега па да ти го рачунаат од 1ви заради настанатата грешка? Јас тука дека помал град и за се во фондот го праќам мм па добиваме инфо,ама Ск изгледа е тешко вас.
Конечно денес ми стигна решеније за исплата на патолошка за ноември. Иначе на решението пишува дека од фирма се поднесени документи на 04.01.2021 значи не е до фондот проблемот.
Вчера матичната ми отвори боледување и ми рече да и однесам извештај од специјалист ( знае дека одам и во Ремедика на контроли). Прашањето ми е на кој ден се поднесува барање за комисија, точно на 15тиот од почетокот на боледувањето или ? И за колку време се добива одговор од комисијата?
Извештајот матичната го поднесува 2 дена пред 15 ден , после ќе чекаш неколку дена за да ти кажат одговор од комисијата
Да да обавезно некој ден порано извади си, за да не се прекине додека чекаш одговор од комисијата Инаку моето го средија имало дискомуникација помеѓу комисијата и матичниот и сега го искорегираа до 31.01 сум на боледување ми рекоа на 25-ти морам да однесам извештај од конзилијарно мислење...
Јас имам едно прашање. Претпоставувам пошто сум на патолошка дека порано од комисија ќе ми речат за отварање породилно. Е сега, да речеме до 28ми февруари сум на патолошка и после препорачуваат породилно да отворам.Јас во фирма сум пријавена до 1ви март на пример во моментов. Знам дека пишувавте отварањето породилно е баш на денот. Јас овие 30тина дена како ќе ги регулирам? Треба да се мољакам уште 1 месец да ми продолжат? Тој месец како сме, лебдиме во воздух со работава? Истерав толку месеци немој сега на крак да ми направат прекин, да не земам породилно....да знам што да правам,ако треба ќе се мољакам да продолжат уште месец. Ама не сум на товар на фирма така?
jas kolku sto znam ti i da ovoris na 28.02 porodilno firmara ne gubi nisto..fondot ke te isplati otkako ke se porodis..maticniot otvira porodilno ama vo fond nosis dokemnti odkako ke se porodis..mozda poubavo e da otboris porodilno taka nemozat nisto
Кога ке ти пише дата комисијата да отвориш тогаш отварај ич не му ја мисли ја така направив бидејки ке требаше да мољакам
Знам јас дека не губи,ама да не ме одјават?Па да ме зезнат? Или си се водиме како на породилно па не можат да одјават? Не сакам сега на крај шо се вика да се зезнам нешто... Да си знам предвреме