Ти благодарам, но не би се случило тоа со фирмата, навистина се работи за многу сериозна фирма и знам дека додека траат мерките ќе биде во ред.Се плашев само во случај ако престанат.
Кај мене патолошка за ноември стигна минатиот четврток дури. Во фирма редовно си дават плата до 15ти, мислам дека едното со другото нема врска
Има, откако фирмата даде плата, 15 дена отпосле стасува патолошката. Доколку документите се однесени на време.
Девојки да ве прашам нешто?Последното боледување ми е до 28.01...и треба за следно да однесам нов извештај...од работа ми прават проблем..дека не е заклучно за цел месец?!Дали навистина треба да е така?Во фондот ќе правеле проблем ми викаат овие од работа?!
Не! Јас еве веќе 5/6 месеци се сум така, и мене ми е до 28. Каков проблем би правеле? Па не може сите да почнат боледување од 1ви, не оди боледувањето плански. Сега новото ќе ти го пишат од 29ти, секако ќе си биде покриен месецот.
Фала јасно ми е,ама на тетка со не доволно потковани информации и несоодветно образование за HR не можам тоа да и го објаснам за жал...сум се расправала.И фалат 3 дена сеа кога пополнувала и до сеа сите боловања и биле за до крај на месец?!Дали ќе можеле платата да ја спремат...
Хаха да бе боледувањата се темпираат до датуми, чудна жена! Е сега кај мене стигаат парите од фонд во 2 наврати да не се чудиш,ама само првиот пат разлика од два три дена, сега во разлика од неколку минути. За од 1 до 28 стига , па после неколку минути за другите неколку дена.
Фала ти ќе видам баш дали ќе ми го спреми документот,ако се снајде со 3те дена ,ако не не знам што да кажам ќе мора да се мења законот за да може мојава да си ја работи по нејзино работата
Може наредниот извештај да си го бараш до крајот на месецот за да не те малтретираат. Секако февруари е 28 дена, после за март здравје до 31ви нека ти го дадат.
Кај кого да барам? Комисијата тешко они по 30 даваат,сега матичната треба да ми го смени до 31ви,пошто од фирма не ми даваат документ сметаат дека се они во право.Само нервози
Извештајот кој ти го дава, јас бев до 19ти, потоа направивме да биде од 1ви до 31ви, за цел месец. Ама тоа кај што ти издаваат извештај.
Комисијата си дава по датуми откако си била спречена за работа. А матичната може да ти го затвори месецот, од 1 до 31. Така и мојата направи, за во сметководство во фирмата даде извештај 27-30 (за ноември) па 1-31(за декември), а боледувањата ми беа 27 ноемв - 26 декемв, па 27-26 итн.
Епа можела матичната така...можела и да ме извести,а не да ме става во ваква ситуација па да се расправам .Ама не и се покриени 3те дена да не избегам ќе го чекаме и новото боледување па ќе ми го смени претходното до 31ви.Фала ти.