Ама ако од комисија имаш до 28.01 како да ти даде матичната до 31? Не може така,во фирмата не се во право. Моето боледување почна од 01.12,па од 15.12 комисиско до 15.01,во фирма ми беше до 30.12 а 31.12 веќе на фонд,секако дека се може,нека си се информираат во фирмата.
Знам дека не се во право,ама не можам да им докажам,а во разговор и со други еве ми кажуваат дека сегде матичните практикуваат да затвараат боловање до крај на месец,така да сеа со новото конзилијарно матичната ќе може да ми го смени до 31ви најверојатно.Секој со стои на своето а ја сум на средина и не можам да им докажам.Не знам што ќе се случи.
Само тоа е решение,фала ти.А нервозата не е важна ,осет немаат дека некој лежи дома и се нервира,емпатија нула.Само Господ да не чува.
Aма нели сметководството го средуваат на крај на месец или почеток на нареден? Зошто ти бара сега, однапред да и' однесеш документ за цел Јануари кога не знаеш ни дали ќе ти продолжат? Кога ќе го продолжиш, ќе однесеш и ќе си го затворат месецот регуларно.
Епа незнам ваљда сакаат со време да средат,а и матичната ми го даваше одма штом ми одобри комисијата.Од сега така ќе си чекам и новото да стигне за да може претходното да го затворат заклучно за цел месец.Немам веќе памет овие 2 дена многу ме изнервираа и од работа и матичната ,дај Боже да не ми се одрази на бебето,ама луѓево се без осет.
Какво одразување на бебето, зарем вреди за ова да му правиш стресови? Сите сме се нервирале за истово, ама откако ќе се среди и ќе видиш колку е едноставно, ќе ти биде мака што си се нервирала. Мене со серклаж и строги препораки за лежење ми дадоа само две недели, шифрата не им била по правилник. Па мораше да се јавувам да барам ново комисиско да ми праќаат по карго, и одново цела процедура да ја терам. Па пак месец за месец. Денес поднесов пак, имам повеќе од месец до термин а знам дека ќе ми направат проблем за да отворам породилно што порано. Очекувам, ќе се нервирам зашто ми следува а нема да ми дадат и ќе ми се скрати породилното, ама тоа е.
Па знам ама не можам да се контролирам,многу се потресувам .Леле незнам што да ти кажам,јас познавам докторка во комисијата и уште сега ми кажува породилното ќе си го отвориш 45 дена пред термин ,изгледа им е правило не знам дали има отстапки,ај баш ќе кажеш што ќе ти одговорат .
Не мора да значи дека е правило.еве мене 20 дена пред термин ми е отворено породилно.Ја прашав матичната дали мора 45дена пред термин,ми рече не мора...така да прашај си,распитај се убаво,ако не мора.зошто да се крати дружбата со бебче толку...
Ја имам време здравје,ама со мојава матична нешто не ми иде почна да ме разочарува . @LivingGlam нека си се информира...т.е чека одговор моментално?!
Правило такво нема. На барање со дијагноза следува боледување, затоа што реално си со проблем. Да, очекувам одговор, во среда има комисија а во четврток ќе знам. Ти во секој случај поднеси си барање и пред крај, а породилното ќе си го споиш секако. Јас на таа мисла поднесов, ништо не губам.
@Candy555 извини а ти кој месец си бремена?Ти помина ли пак извештајот од Гак кај комисијата?Јас се изнамачив со матичната,не сакаше да го прати дека не е конзилијарно,па некако се докажавме и сега ќе чекам одговор.