Здраво девојки. Ќе може некоја што скоро користела или користи патолошка, тука или во лична порака да ми објасни како оди процедурата, бидејќи прв пат ми е и незнам како оди за боловање и комисии таму што треба? И дали треба или не мајчина книшка? оти едни викаат матичниот гениколог сам ќе отвори а мене ништо не ми спомна (можеби онлајн ја води, ако работи системот сеуште). Ви благодарам
Матичната ти отвара болпвање 15 дена. После тоа одиш кај специјалист кој ти дава извештај од 1 месец. Тој извештај матичната ти го праќа на комисија. После се чека одговор од комисијата. И така секој месец. После 60 дена од боловањето се носи конзилијарно мислење ( тоа е извештај потпишан од 3ца лекари), ама зависи и од кои град си, некаде не бараат, само со извештај продолжуваат, тоа со матичната ќе се распрашате. Првиот месец фирмата ти плаќа. После си преку фондот. Документите во фондот т.е. боловањето можеш и сама да си го носиш може и од фирмата. Првиот пат во фондот се поднесува боловањето, со лична карта и број на трансакциска сметка ( некаде и барање се поднесува, пак зависи од каде си), после за наредните месеци само боловањето кое матичната ти го издава секој месец. Се надевам не те збунив повеќе со моево објаснување .
Да прашам и јас нешто... еве јас имам приватна фирма сам свој газда шо викаат... шо ми одговара повеќе да користам мерките од владата или патолошка?
Патолошка, зашто после 30 дена си на товар на фондот.Ќе ти се исплаќа 70% од плата.Ако користиш мерки ќе треба сама да си пушташ плата како и до сега.
Да, мене баш матичната ми кажа дека ќе мора породилно да ми отвори 45 дена порано ако сум на патолошка.Најмногу заради тоа сакам да ја затворам и да се префлам на мерки.Иако има и членки кај кои и покрај патолошка породилно им отвориле покасно од 45 дена.Инаку по закон е толку 45 дена пред термин.Но изгледа се зависи од матичните.
Не сеуштеама цело време кревам паникаТребаше до 27 да извадам конзилијарно, ама не извадив, така што до тогаш и после ми се затвара
Јас баш сега ќе видам дали ќе ми одобрат цел месец од комисија или само 15 дена, па ќе знам колку порано ќе отварам. Термин ми е 28 март, а боледувањево сега од 29ти јануари да видиме до кога ќе го продолжат
Мене ми е термин 21 април а сега комисијата со конзилијарно ми одобрила само 20 дена, до 10 февруар. Со лажно предвремено раѓање 047 мислам шифра беше. Пред тоа со 020 по еден месец ми одобруваа а сега ми намалија, и кај други е вака?
Шифрата и дијагнозата ти е сменета оти после 28гн се смета за заканувачко предвремено раѓање, а пред оваа недела е заканувачки абортус, ова чисто да не се бунеш. А зошто само 20 дена не знам, не го праша докторот?
Абе јас го знам тоа, него мислев заради шифрата само 20 дена да не одобриле. За 20 дена се бунам зашто толку малку одобриле, да не е до шифата шо ми ја сменија па автоматски помалку денови да даваат тоа прашувам јас за други со таа шифра да кажат по колку дена им одобруваат. Среда ќе одам кај матичната баш ќе прашам.
И јас сум со таа шифра, еден месец ми одобрија минатиот пат. Сега ако одобрат помалку ќе биде ради терминот, не заради шифрата.