Мене конзилијарното ми е на два месеци. Комисија ми одобри еден месец и пред истекот со истото конзилијарно ќе одам да ми продолжат уште еден месец. Претходно имав 15дена од матичен. Е сега да ве прашам дали ова комисиско се води како патолошка или патолошка е друг тип на боледување? Исто ме интересира и дали ако после овие 2 месеци на пример тргнам на работа, дали после може пак да добијам комисиско боледување?
Е баш така прв пат бев, и тоа видов. На некои две, на некои три недели, на некои еден месец им одобруваа. Некако како да не им се даваше..... незнам дали така се погоди, или секогаш гледаат ако може да не дадат. Не разбирам, па на крајот на краиштата фзом плаќа, не им ги земаат парите од џеб.
Не сум упатена за ова, ама мислам дека патолошка како порано ретко даваат. Дека тоа се отвора и трае до крај. незнам во секој случај немам искуство со ова. А во врска со прекинот на боледувањето внимавај што ќе ти пишува на извештајот од комисијата. Ако ти вика да се јавиш на контрола испочитувај, зотшто правеле проблем ако самоиницијативно си поченш и покрај нивна препорака. После тоа мислам дека еден месц не може да ти дадат повторно. А каде ова? на ГАК?
Јас кога бев немав никаков проблем. А сега скоро и други две феминки земаа и без проблем им дадоа по еден месец. Ти имаш извештај од специјалист? Од која причина имаш потреба од боледување?
Имав хематоми, кои др. не ги гледаше со абдоменално ехо, нејсе тоа, туку коментираше "јас не гледам, ти знаеш, сите тука знаете...." и коментар од типот " ај сеа ќе ти го нацртаме хематомот" и ме извади од такт. Инаку цело тромесечие крварам, и сигурно нема да одам на комисија без везе. Иако, поделија едно десетина, без преглед. Не е ни време ни место за нервози, ама крајно сум револтирана од односот. И како после да одиш да се пораѓаш таму?!
Оф бе душа. Не се нервирај. ти се погодил некој катиљ доктор. Јас кога бев само ме прашаа што ми е, а на ехо ме гледаа само за да утврдат дека бебе е добро и без проблем ми дадоа. Ако си во можност и ако ти прават проблем, оди на приватно ќе ти дадат за два месеци и ќе си мирна глава.
Така и планирам. Само што трпиш нервози, те боли меше, а за тоа баш и не размислуаат. Инаку целото време кое го поминав на ехото беше не повеќе од 100 секунди ( без претерување). И не успеав да видам дали бебето мрда, а не па да барам хематом. Ама ете верувам дека е се ок. Доста е со жалби и поплаки, само позитивна мисла ќе не спаси.
Јас досега на Гак без проблем земам боледуваење. Не ми правелепроблем. Сега во среда пак ќе одам и после ќе отворам породилно. Еднаш ме гледаше Ќаев, еднаш Џикова што знам само прашаа зошто ми треба и толку. И јас се плашев дали ќе ми даваат ама добро поминувам. И тоа без врски , зашо има и такви.
Едно прашање: имам страшни болки во кичмата откако останав бремена. Сакам да знам, бидејќи болкиве ми се неиздржливи и константни, особено кога седам по цел ден на работа, дали е можно да добијам боледување како патолошка, да не одам на работа воопшто? Знам дека прво матичниот гин. дава 15 дена, потоа се оди на специјалист итн. И дали комисијата би ми дала и продолжувала боледување за болки во кичма? Има ли некоја што земала патолошка на оваа основа? Инаку, никогаш сум немала проблем со кичмата, ама откако останав бремена не можам да седам и стојам, само кога се движам не ме боли. Сабајле ми требаат по 15 мин само да успеам да станам од кревет. Седењето по 8 часа на работа ме убива, не можам вака да функционирам. Од нервоза еве веќе недела дена и желудникот ме кине, имам грчеви.
@karibian благодарам, следнава недела сум на преглед, ќе ја прашам матичната, но сакав прво тука мислење да добијам. Освен кичмата, имам и неколку хематоми, кои и покрај терапијата, сеуште се присутни во матката и тоа ме плаши. Благодарам уште еднаш
Девојки, може не е за тука прашањево, но можеби ќе знае некој да ме информира, гледам дека некои од вас се доста упатени... Имено, до сега сум на боледување 15 дена од матичен и плус 30 дена од комисија. Сега сакам да го прекинам ова боледување 2-3 дена порано, бидејќи секако во јули јас користам колективен одмор. Бидејќи незнаат ни кај мене на работа, ме интересира како би ми била исплатата за овие 45 дена. Дали за првите 30 дена ме исплаќа институцијата 90% и што со остнатиот пола месец? Дали тоа го покрива фондот и во кој износ? Јас ли носам документи таму откако ќе го затворам боледувањето?
Боледување до 30 дена покрива фирмата во која си вработена. Боледувањето над 30 дена ќе се покрива од Фондот (во твојот случај 15 дена ќе ти бидат под Фондот). За носење документи, мислам дека зависи од фирмата кај што работиш. Кај нас, они ги носат документите, јас не поднесувам ништо.