И јас да ве известам, ми одобрија само 15 дена од комисија, точно 45 дена порано од термин. Тоа е. До 13 Февруари ми е патолошката, од 14 породилно,термин ми е 28 март.(Ќе се изначекаме за пари не за друго)
Фала ,даа ми продолжија со извод од Гак на еден месец, само едвај се согласи матичната да го прати(морав да и докажувам преку д-р од комисијата).Се надевам дека и следниве месеци ќе биде ок.
Фала ти,за Н1 образецот ме интересираше дали мора секогаш да се носи зошто негде разбрав дека си ги носат само боловањата а од Фзо секако си проверуваат прво дали им придонеси.Колешкава од хр намерно ме влечка со тој образец и покрај тоа што платата е пуштена.
Првиот пат кога поднесуваш се носи N1 образец , ти даваат бројче во фондот и со тоа бројче си ги доставуваш само боледувањата секој месец порано пред да земе фирмата плата
Јас преку маил ги праќам уште од првиот месец пред крај на месец,ама сега нешто се заинати изглеа колешкава од хр и уште не ми го праќа образецот и затоа ме интересираше дали можам само боловање да пратам,пошто тие секако чекаат плата и придонеси(веќе ми се пуштени)..или е неоходен Н1 образецот.?!
Н1 јас го пополнувам во фондот, а го имаш и на страната на фондот можеш да си го преземеш од страната на фзо и да го пуштиш по маил.
Е убаво те заебале, немаш среќа ете, тоа е што е, не се нервирај. Ретко продолжуваат, којзнае како одлучуваат. А зошто викаш ќе се изначекаме за пари? Како оде исплатата за породилно, за тоа ништо незнам.
Епа од 14 февруари веќе нема пари. Ќе се породам,па ќе трчкаме по изводи уште скоро месец ќе се чека,па документи на работа, па во фонд они ќе ги однесат, па после минимум 2 недели од тоа исплата. Значи јас во март ќе земам за 13 дена од февруари, а после некаде мај ќе ме фати отприлика за следна исплата...со најдобра прогноза ова Мај....
Здраво девојки, може ли некој да ми објасни како оди постапката за патолошка за исплата на плата? Читам нешто носите во фонд.. Јас наредна контрола треба да земам конзилијарно мислење, така ми пишува на последниот извештај од фонф.. тоа значи ќе ме стават на патолошка? И уште едно прашање, ако се ставам да користам мерки дали ако ги прекинат можам да отворам патолошка? Фала
И немаш проблем така?До кој датум ти пуштаат парички?Јас два месеци на 15ти земам...така ќе биде и понатаму или нема правило?
Па штом си на боледување преку фонд со дијагноза од доктор специјалист гинеколог си веќе на патолошка. Иначе за документи или ти ги носиш или од твојата фирма си средуваат сами,ако ги носиш ти треба да ги доставиш откако кај тебе во фирма ќе поминат плата (мене така ми рекоа во фондот вработените), а исплатата би требало да е по 2 недели од кога ќе ги однесеш документите ама нема правило се случува и многу да закаснат. И не верувам дека би било проблем да затвориш патолошка па на ново да отвориш, ама ако си во стабилна фирма нема да има потреба бидејќи мерките ќе траат до крајот на пандемијата.
На патолошка те ставаат со конзилијарно мислење, така ми кажа денес матичната, дп сега бев бидејќи сум со инвитро и ти следуваат три месеци ама се води ко обично боледување. Инаку да, никаков проблем не е, се распрашав денес, можам со мерки да продолжам. Фала ти сепак на одговорот.
Здраво феминки.Ми треба ваше мислење.Отворено ми е боледување од 01.02 2021 година за патолошка бремемост.Денеска бев да земам иср за првава недела за да однесам на работа но сестрата ми даде иср на кој пишува отворено на 01.02.2021 и нема краен датум ми рече морало така да оди ако сакам комисиски.Сега да барам отпусно писмо и да им донесам па да го пратат до комисија.Не ми е јасно само не треба иср за 7 дена па уште за 7 наредни иср и потоа оценка?
Здраво девојки. Дали некоја од вас после патолошка место одма да отвори породилно боледување (45 дена порано, така предложи комисијата), земала одмор од работа и чекала додека да се породи да отвори породилно?? Јас планирам така да направам, но се плашам да не имам проблем со фондот.