Со фондот нема да имаш проблем пошто тоа треба фирмата да ти го плати. Фондот ја плаќа патолошката, а фирмата одморот. Така да ако фирмата ти е ок и ти дава одмор нема да имаш проблем.
Дека комисијата дала мислење/препорака да се отвори породилно на 18.01, а јас не отварам тогаш туку денот кога ќе се породам.. да не мрчат нешто
мене од фирма ми кажаа дека после можам да користам одмор, после породилно, не ми пропаѓа , мислам на тој од 2020, и мене комисија ми пиша 45 дена пред термин
Па и јас се мислев да земам отпосле одмор, ама ако отворам сега 45 дена однапред породилно, исплата ќе дочекам дури од кога ќе се породам. Тоа се скоро 2 месеци без скршен денар. Ајде се надевам да прават проблем. Башка матичната така ми предложи да направам.
Само што се испокарав со тие од сметководство, сеуште не ми го однеле боледувањето во фондот, само овој месец на нив оставив, уште на 1ви им го однеси мама, а тие тек денес ќе го носеле во фондот. Плата зимаме до 5ти инаку, и сега они каснат со поднесување документи, тоа значи дека покасно и ќе бидам исплатена? Обично од фонд на 18 19ми ме исплаќаа, сега неколку дена покасно ли ќе е?
јас денеска поднесов во фондот за исплата, прв пат, за колку време ќе ми дојде првата исплата? треба за декември да земам прв пат
За декември имаше исплата во Јануари, сега чекаме исплата за Јануари. Ако не си добила уште за Декември, најпаметно ќе ти е да се јавиш да прашаш директно во фонд да не има некој проблем.
Дали патолошка бременост може да се извади ако имаш тахикардија. Кога се качувам по скали одма ми се забрзува срцето и не можам да дишам. И после јадење ми е така. Бремена сум 22+1 со близнаци. Си велев ќе идам до кај 30 недела на работа па после ќе му ги враќав придонесите на газдата. Ама некако тешко. Мислење?