Тој Н1 образецот, боледувањето од матичната и комиското боледување, копија од трансакциска сметка и копија од лична карта.
Треба да биде помината платата и после тоа треба да ти пуштат(мин. 2 недели,ама знае и повеќе да се чека) .
За прв пат ти требаат решение од комисија дека ти е одобрено, боледување од матичниот, копија од трансакциска и копија од лична карта и Н1 образецот. Секое наредно ќе ти треба само Н1 образец, решението од комисија и боледувањето од матичен.
И кај мене има денес,ама за Јануари. Ќе ти ги пуштат и другите за крарок период,они додека тргнат се спори
И кај мене има.исплата за боледувањето за 11дена од јануари.за остатокот треба породилно.али може др.недела,да не ми дојде многу пари наеднаш
Овие што ми ги пуштија за октомври се последни од боледувањето. Веќе следна исплата ќе ми биде породилно.
Кај мене нема ништо, ама покасно однесов документи, да се надеваме дека ќе има исплата уште еднаш кон крајот на месецот.
A има некој што не добил исплата? Имав три дена од декември, и за јануари уште ништо. Од фирма велат поднеле документација, јас ништо не треба... Ама сомнително ми е некако, да не има некој пропуст.
Се случува да доцнат. Сепак јави се во фондот и прашај дали е се во ред со документите, во случај да не се испратени или да има проблем ќе ти кажат.
Законски си ослободена сега со меркиве, плус ако си решение на работа баш ништо не ти можат, види како ќе боде ситуација, и земај си боледување па после на патолошка, ако не ти даваат да користиш мерки, додека си на боледување никој не смее да те избрка, плус тоа што си бремена, сега баш треба да одмараш, не им се замарај на работа слушај си го телото. Се најдобро да ти биде, и со лесно да си истераш до крај.
Не сум со решение. Скоро никој нема решение кај нас. Така ги водат со анекси на 3 на 6 месецо па пак потпишување. Е сега ништо од тие мерки,никој не ми рече ослободена си оди си. Кога спомнав на гинекологов каква е ситуација на работа ми вика само државните се ослободени. Ќе видам ама дефинитивно у таа гужва не сакам да одам и не сакам да бидам дел од кластер нечиј. Еве двајца тројца беа во изолација сега се вратија. Ќе видиме шо ќе каже матичниов гинеколог.
И јас работам во маркет. Добив решение дека не треба да одам на работа. Дека сум ослободена. Ама јас од страв да не ме избркаат отидов на патолошка. И јас потпишувам договори уште. Имам колешка што е бремена исто. Она користи мерки,не се плаши дали ќе ја избркаат, позаштитена е од мене.
Не знам како да искористам и јас мерки. Не знам ни какво решение треба да ми дадат ни ништо, на крај краева ќе си извадим едно боловање,па после патолошка. Многу ми е страв и од коронава,а и несакам работното место да го изгубам.