Не може да ти пропадне одморот ако си на патолошка. Законски ако на боледување (трудничко или патолошка или од било која друга причина комискиско) одморот од тековната година се префрла во наредната. Ова го пишува во законот за работни односи.
и мене ми е термин ноември и јас исто помислив да не ни укинат мерки ама не е крај на епидемија мерката важи до крај на епидемија ама ако укинат патолошка ќе земаме.
Така е, но до јуни. А јас ќе сум уште на породилно тогаш Средив, се договорив, и да уккнат мерки ќе отворам патолошка и одморот ќе го користам пред да отворам породилно. Само се нека е во ред
Значи тука некаде сме мене најмногу кја патолошка ме кочеше она 45 дена пред термкн породилно. Среќа ми искочија во преср
исто тоа ме нервира и јас првиот пат оптворив пред 45 дена , незнам дали може да се користи одмор па да се отвори или настанува проблем?
Ако ти дозволуваат од фирма можеш кога комисијата ќе даде предлог за отворање породилно, ти да користиш одмор а после одморот да го отвориш породилното. Ама треба со фирмата да се договориш пошо они треба да те исплатат за тој месец додека си на одмор. Ако ти одобрат можеш така да направиш и нема да имаш проблеми.
Јас така ќе правам, одмор па породилно. И да се породам во меѓувреме, ќе ги частам тие денови што ќе останат само се нека е во ред
Дали може некоја трудница да ми каже како е начинот на кој сте ослободени со мерките? Мене на работа ми викаат само со патолошка можам
Нека не те лажат. Ќе однесеш потврда од гинеколог дека си бремена и да те ослободат од работа заради пандемијава
100% плаќаат, ама мислам дека фирмата си плаќа. Јас последните 2 месеци кога одев, кога не, повеќе дома седев и само 500 ми скратија
Мене не ме ослободија. Ме убедуваа дека работата не ми е тешка и дека можам цела бременост да ја истерам. За жал завршив комисиски секој месец и еве сум дома. Инаку во реномирана фирма работам, касиер.
Uste od pozitiven test, mat ginekolog mi dade potvrda za oslobodi anje radi kovid. Eve skoro 8meseci ne rabotam, platena sum 70% po nivno, a po moe nema vrska. Ama toa e, nema pravda
На договор си или на неопределено? Ако си на договор не можеш да се буниш, ќе те одјави ако сака, ама ако си на неопределено оди до крај.
Ако си на неопределено, не може да те избрка сакав да кажам, комотно можеш да си пријавиш. Не да користиш патолошка, туку мерките за трудници.