Женски, на кое бројче може да се јавиме за да прашаме кога планираат пари да ми префрлат? Сеуште ми немаат префрлено...
Се јавив и всушност ми кажаа дека не ги добиле документите. Така што, ќе си чекам уште месец дена сигурно
Од фонд не се нормални. Викаат вчера имало исплата а нема нигде. Ми викаат да го барам Горан Стојковски од подрачна служба. Која подрачна служба бе проста една кога ја сум од Скопје. Ај ужас не виден. Немало документи само имало за 8 дена од април. Се јавив у фирма викаат не бе сите документи се таму,вчера им стигнал меил дека сите документи се спроведени. Не им се работи од фонд или? Не сваќам..
Девојки за патолошка документи се носат во фондот или како е процедурата? Јас извештајот од комисија го дадов фирма... Е сега како е понатака? Фирмата ги доставува или како
Во фирмата се носи одговорот од фондот, дека ти се одобрува боледување, па фирмата ги носи документите во фондот за исплата.
Прашај си во фирма дали ги носат тие сигурно,знам имаше овде една членка ги однела док.во фирмата,а тие ништо не пратиле во фондот.а членката си чекалааа,чекала 2 месеци исплата од фонд.Дури кога се јавила да праша зошто нема и кажале дека нема доставено никакви документи.Така да прашај си.
Дали знае некоја како е процедура за патолошка. Веќе три месеци сум на боледување, два пати ми даваа извештај од специјалист, и уште два пати конзилијарно. Следно пак ќе треба конзилијарно или доволно е извештај. Иначе за наредно продолжување ќе видам 22 недела и ми рекоа дека шифрата за боледување се менува.
Да и од кај мене од фирма поради ковидот не ги носат...ја си ги праќам секој месец на маил на фзо...не мораш до таму да одиш.
Дали знае некоја како е процедурата за патолошка. Веќе три месеци сум на боледување, два пати ми даваа извештај од специјалист, и уште два пати конзилијарно. Следно пак ќе треба конзилијарно или доволно е извештај? За наредно продолжување ќе бидам 22 ра недела и ми рекоа дека шифрата за боледување се менува.
До крај со конзилијарно...па од комисија ти даваат предлог за отварање трудничко 45 дена пред термин.