Ама јас последно имав термин во 16h никој не ми се јави за порано отидов на време тие си беа заминати и плаќав на приватно. Сега имам термин во 18h па сакам уште штом почнат да одам за да не ме зезнат пак да плаќам на приватно.
Тогаш отиди си околу 14 часот Ако треба ќе почекаш малце ама ќе завршиш работа инаку и јас кога бев ми се јавија на телефон пред 15 часот и ми рекоа најбрзо што можам да отидам бидејќи докторите ќе си оделе порано а таму завршив работа за 5 мин
Здраво, јас нерви искинав со оваа фамозна прва исплата од фонд, веќе НГ дојде сеуште немаат исплатено за ноември. Ќе ве замолам за маил и тел каде што се поеспедитивни од Фондот барем да знам дека док се ок. На броевите од веб вртев непостоечки се или на некои не креваат. Фала ви ❤
И јас се уште немам исплата ама мене ми пуштаат после 25 Обично пуштаат две недели по исплата на плата во фирма а бидејќи кај мене во фирма платата ја пуштаат на 15 од фонд на мене ми пуштаат 25-30
Можда имаш проблем со пресметка од фирма, кај мене така беше. Обично праќаат писмо, јас бев директно во фондот па ми кажаа дека има проблем.
Здраво сакам да прашам сега вака ми стигна решение дома од фонд за исплата и во него стои од 22.10.2021 па се додека трае спреченоста за работа е сега имав исплата на 02.12 за 10 дена од октомври а за ноември сеуште немам… е сега прашањето ми е дали исплаќаат двапати во месец или ќе чекаат во наредниот? И знам дека е исплаќањето обично 2 недели после платата од фирма а кај земаат на 01 секој месец..
Moite dokumenti mi gi odnese tatko mi vo fondot, isto i jas cekam za noemvri plata, no vo fondot mu rekle deka znaat da kasnat i 2 do 3 meseci no potoa gi pustale site pari odednas. Jas si se pomiriv deka 2meseci najmalku nema da vidam plata
Јас за ноември исплата добив на 20ти декември и читам кај многу други има исплата јаветесе прашајте во фондот каде е проблемот
И кај мене сеуште нема исплата за Ноември...минатиот мееец ми префрлија на 25 дали има и од вас на кој што уште му немаат исплатено ???
Здраво девојки, ќе ве молам за помош. На боледување бев 15 дена од матичната, потоа (вчера) поднесов предлог до комисија за продолжување со извештај од специјалист, бидејќи имам хематом и крварење и претходни два спонтани абортуси. Матичната денеска ми го провери дали е одобрено и пишува на боледувањето заклучно со 14.01.2022 односно продолжено само 15 дена, а не го оставиле отворено за да можам да го продолжувам со извештај (така ми објасни матичната). Е сега прашањето ми е што понатаму? Прв пат сум на боледување во бременост и не знам што и како треба да направам, а нема кој да ми објасни како што треба
И моето боледување беше така, 15 дена матична, 15 па 30 дена комисија, и после конзилијарно, со тоа што пред 15 и 30 дена комисија одев на прегледи на гак во амбуланта 36 ми се чини, и напоменуваа дека треба совет за мирување и боледување. Мислам дека кај повеќето оди така
Ве молам за број контакт од фондот претераа веќе немам исплата за ноември јас на тие што најдов се иклучени …
Здраво девојки едно прашање. Бидејќи јас патувам во друг град за на работа, а сум бремена 10-та недела, проблеми со бременоста засега немам, но веќе почнува патувањето да ми станува проблем. Дали сте запознати како би можела да го оправдам тоа на работа, бидејќи не сум за патолошка бременост за да ми напишат,а матичната може да ми напише боледување само од 15 дена. Ви благодарам