Имаш 15 од матичен, па 15 и 30 од комисија од букурешт, со тоа што пак одиш на два прегледи во државна, па после тоа дури конзилијарно од месец за месец.
Да ве прашам дали законот за трудници е изгласан или е само предлог? Дали некој од вас што ја користи мерката ги викнале на работа, мене никој не ми се јави од работа незнам што да правам дали да извадам боледување
Јас не слушнав дека мерката за трудници е укината. Очекувам да имаат став по ова најбитно прашање деновиве, да не ни креваат притисок преку ноќ! Мислам олеснувањето на мерки ако треба да почне токму од оваа а самата комисијс денес изјави дека е низок степенот на вакцинирани, немам речи.
Предлог е. Сега зборуваа од комисијата ама само за сертификатите во моловите да ги укинат и за постарите лица нешто беше. Не не ни спомнаа, се надевам дека и нема да не спомнат. Ако ги користиш мерките и ако не те викнале на работа нема што боледување да вадиш.
Предлог е. А денес донесоа нови предлози до владата. Тоа не значи дека задолжително ќе ги прифати владата. Треба да ги разгледа и да одлучи. А кога ќе одлучува којзнае. А малку ме буни предлогот зс укинување на оваа мерка. Знам уште лани Филипче кога ја кажа оваа мерка рече дека ќе трае се додека Сзо не проглсси крај на пандемијата. А официјално немам информација сзо да прогласила крај на пандемијата.
Ма јас се нервирам од кога спомнаа.Дали да се јавувам на работа ама ми е страв да не се наместам па да кажат дојди .. Вака чим не ме бараат добро е. И не се нормални да ја укинат мерката нели омикрон е позаразен глупости
Јас го најдов законот на интернет и баш така стои дека додека сзо не прогласи крај на памдемијата ќе се котисти мерката
Епа не знам некаде , каде можеме да се побуниме? Некој што се разбира поубаво во овие работи да ни каже.
Ако СЗО изрично го нагласува тоа, така мора да биде. Но проблем е да не им остава некоја волја интерно да менуваат... Ќе проверам по нет што СЗО имаат издадено за памдемијата, каков формат се, што уредуваат и сl.
Не е од сзо. Закон од кај нас е, донесен во нашето собрание, дека додека сзо не прогласи крај на пандемијата трудниците ќе бидат ослободени. Ако им текне, можат да го сменат.
СЗО нема врска со меркава на Влада, зашто скоро секаде во Европа и УСА трудниците идат на работа. Инаку мерката беше донесена кога вакцините не беа испитани и требаше да е на сила до крај на пандемија (за која кажуваат дека ќе заврши во мај) е сега што сакаат со ова да зголемат степен на вакцинација и на нас ги потрошат вакцините на кои им истекува рокот во мај е друга прича што најверојатно неуспешно ќе заврши, а ние како што гледам сите ќе фатиме на патолошка и вакцинирани и не. Секако и кога ќе ја донесат ќе има недела две можда и повише зашто министерот рече дека за целосна имунизација на бремените им се потребни 80 дена од прва до втора доза така да има време.
@Bibi_23 знаеш колку безобразна ќе е мерката? Еве јас ќе ти кажам, вака ќе гласи: Трудниците кои ЌЕ СЕ вакцинираат може да останат дома по примањето на првата доза се до примање на втората доза. Сите други на работа
Уфф не знам, не би требало. Види јас сум вакцинирана фул и пак сметам дека не сум сигурна да се вратам кај мене на работа кај што други се невакцинирани и идат без маски.А и Комисијата лошо ја презентира работата, а и ние сме си криви. Според мерката сме ослободени од работа и работни обврски со физичко присуство, значи не да седиме дома и да збориме како уживаме, туку дека работиме од дома. Затоа и предизвикавме револт и сега последиците ќе видиме што ќе бидат.
Ајде бе. Година и пол дадоа трудните да седат дома а да земаат плата, каде пола и повеќе идеа на работа пошто сите не ги важеа меркиве. И мислиш светов ќе пропадне. Македонче мора да те искористи максимално, да може нешто да ти земе а не да ти даде. Колку трудни се жалеа дека ги избркале од работа сега со коронава. А законски не смеат трудница да избркаат од работа. Од маж ми братучедка во странство е и баш бремена е и ми кажуваше кога ќе им кажеш на работа дека си бремена одма те ослободуваат од работа, а бремена си не не можеш да работиш. И плата земаат па трудничко се регулар. Овде во мк еднаш за една корона вака испадна. И одма терет за економијата сме биле.
Јас повеќе пати пишав дека во коронава како почна поштено останавме со мм без работа и двајцата, па станавме, застанавме на нозе. Сега едвај се спогодивме на работа да работам од дома (2 недели не знае што мерки има, што значат, каде се пишани и сл), јас инсистирав да работам од дома зошто не носат маска 98% (до пред некој месец повеќе носеа, сега се бетер), сите одговорни не носат иди кажи им ако можеш, никакви дезинфекција на рачки/бироа и сл немаме... Плус мала кујна и тоалет а голема фирма... Гратис ќе бидам во 2х2 канцеларија без прозор со 7 луѓе (мали бироа напиксни имаме), работа со странки, по институции а немам замена па да ми е полесно, Такада несакам ни да замислам што ме чека.... Од дома како сум работам турбо на стол седнстс, со рокови и притисоци, не одам никаде и сум изолирана скрос, едноставно пазам и точка. Што ќе биде ќе видиме, но знам дека не може овие системи да се споредуваат со оние во странство...
Јас не користам мерки од владата, зашто не ни дозволува работодавачот, инаку денес на сите што користат (од друг сектор) им рече да се вратат на работа или да извадат боледување. А не сум слушнала да е променет законот