Дека наталитетот ни е на многу завидно ниво. Знам се ми е јасно, ама тоа у нормални држави кај е принципот да умре козата на комшијата. Овдека кај нас сите гледаат за други, мене уште на работа не можат да ми простат што не идев на работа 2 месеци зашто сум од друг град… па сега и ова. Too much за народињава наша. Инаку и во странство секаде е различно, зависи од политиката на државата за наталитетот на население.
на тие што се во директен контакт со муштерии им дозволува, на позадина не несфатливо е да, ама нашето "ако ти чини седи, ако не ќе бидеш на минимална" си владее
Здраво девојки, знам дека повеќе пати е ова дискутирано но сакам да прашам дали некој има лично искуство. Патолошката ми е заклучно со 19.03, би зела одмор 20 дена тоа е до 15.04, термин 28.04. Ќе може ли да се отвори во било кое време породилното после 15.04 или ќе мора кога ќе се породам?
Ја слушнав од владата не биле прифатени мерките, дека биле неосновани тие предлози. Јас не слушав вести, ама така ми кажаа.
На вести кажале, мм слушнал и ми пиша. Мене пак на канал 5 ми беше пуштен тв и не слушнав ништо, ќе слушнеме после во 19ч.
Јас сега влегов на фб страната на Сител и ги гледав вестите. Никаде не спомнаа дека утре ќе се одлучува. Туку кажаа дека комисијата веќе месец дена дава предлози а од владата сеуште нема реакција.
Сега гледав да во право си. Што мислите има барем малку надеж дека нема да ја прифатат нашата мерка? Сепак има уште многу активни случаи.
Утре ќе заседавале, ваљда по сите препораки ќе се одлучи. Јас мислам оваа нема да помине, не можеш иста тежина да дадеш на важност на сертификат или на влез во мол без сертификат, и враќање на работа на бремените без никакви предуслови.
Може да ја остават за понатака, не знам. Инаку ако имало голем број издржани реакции може да пролонгираат.
Може ќе речат од понеделник да почнеме. Некако глупаво од нивнс страна да се одлучува во последен ден од раб.недела. И да ги прифатат мерките. Сигурно известување ќе дпбиеме вака на пладне. Кај ќе го барам јас матичниот за мислење, и за викенд не работи.
Јас мислам дека сите препораки нема да ги прифатат, се надевам нашата мерка да не ја прифатат. Наеднаш се не можат да ослободат бидејќи може пак да се зголемат бројките.
Минимум после една недела, максимум 2 месеци. Секогаш така прават. Јас само се надевам дека тие што одлучуваат имаат бремени жени у опкружување па ќе им проработи совеста.
Ќе добиеме известување, ако не од друг, работодавачот ќе ти се јави да ти кажи дека треба да дојдеш на работа.