Мене уште не ми се верува злобата во народот ,во колегите. Па јас толку честитки за бременоста не добив, колку што сите навалија кога ќе дојдеш,ви укинаа мерката... Ко божем од дома до сега не чурев,само што сум заштитена,без маска,можам испружена да работам некое време, не влечам ранец со храна, не се влечам по пат..
Да ама зборот ми беше дека јас прво сакам да се консултирам со матичниот бидејќи имав хематом да ме прегледа дали уште го имам и дали ќе треба да вадам боледување. Вака ако ме викнат дојди од понеделник на работа ќе немам можност за тоа.
Е ќе немаш. Ај на моите може им менува да одам пошто јас не работам од дома, воопшто нема опција да работам од дома. Кај тебе @Rubiii не сфаќам шо им менува дали си во канцеларија или дома ако секако работиш и таму и дома? Злобни ти се колегите, имај чисто професионален однос со нив никаква дружба не ти е потребна со толку злобни луѓе.
Тоа треба нив да ги прашаш, ама мислам и сами не знаат... Нереализирани, неисполнети, плафон живота живеат и мислам све тоа ги јаде, или од раѓање се такви... Затоа јас не ни се дружам, а и есента почнав да гледам огласи зошто средината е стресна и токсична ама испадна бременоста и останав тука...
Не се арни колегите твои, ти се запнале тебе Мене ме прашаа дали ќе продолжам од дома или ќе одам ако се отвори канцеларијата (сите сме од дома уште), им кажав моментално од дома ми одговара повеќе и готово. Не знам што менува од кај си, ко си работиш.
Какви такви, за себе си се никакви Само со лесно да поминам, живо здраво бебе, и секако ќе си барам чаре после породилно... Иначе, ништо ново не слушнав на вести се уште .... Ако дознаете, пишете
Не знам за вас ама од кога спомнаа за укинување како на штрек сум. Гледам вести, Отварам нет барам нешто дали кажале во врска со тоа. А најтрагично е што никој не знае точно кога ќе се одлучува. Играње мајтап ова.
Треба да воведеме смени за следење. Инаку сите сме како без памет, мене и спиењето ми се поремети. За стрес да не зборам.
Сабајле се разбудив и после не можев да заспијам па отворив нет да проверам. Маж ми вика не знам што се замараш толку владава сега нема време да се занимава со вас, а и он сметал дека нема да ја усвојат меркава. Дај боже да е во право.
Уште нема ништо. Јас да ви кажам еве и да ја прифатат одлуката мислам дека ќе биде со некој датум, не би требало да кажат од понеделник ајдее сите назад
Овие новинариве од што нема што да стават у Вести само притисок прават за мерките. Многу ме нервираат.