И јас сум на висока позиција и високи примања, ама одамна сум сфатила дека сите се заменливи за да се трескам од земја за утре ни едно фала. И знам дека ќе ми е ок на работа, ама не на сите тука им е така и не им солам памет. А со инспекциите не сме мали деца да не плашат, гинеколошкиот мој проблем не може ни една инспекција да го утврди. Секако и да решат ќе сме породени до тогаш.
Да сега. Од човекови ресурси, ми кажа дека се укинати мерките дали ќе дојдам на работа или ќе користам боледување и реков боледување ќе користам.
Изгледа да, зошо праќаат предлог од комисијата од кога да отвориш породилно, и веројатно би предложиле и после тоа боледување да речеме од 2 месеци
Не ми треба фала. Да си го добијам тоа што ми следи. Не очекувам никој фала да рече, не ми ни треба. За инспекциите, гинеколозите ова. Ќе се повеќе претпазливи сигурно нив ќе ги чешлаат
Како ве викаат кога уште не се објавени на силс и во службен? Верувам дека денес утре ќе е, но сепак....
Што знам не им се чека сигурно. Е сега ми рече најкасно до понеделник да им дадам боледување, отворено ли боледување? Јас пак ништо не ја прашав.
Не си го добила еве те терале да одиш на работа, што не е во ред. Едно е да е моја одлука друго да не ми дозволат. А баш за гинеколозите зборам дека плашат, не знам на кој начин инспекција ќе утврди дали некоја имала крварење, болки и сл.
Други работи чешлаат, не е само напиши крварење и толку. Од цела бременост баш баш сега се случило крварење? цела бременост ништо и баш сега крварење? ќерка ми нема да верува не пак комисија.
Инспекција или Комисија? Не ми е јасно сега за што збориме. Со Инспекција не може да те плаши, а Комисија ако не верува нема да ти одобри боловање и толку. Што друго можат да направат?
Инспекција праќаат кај матичните, а може да се состави и комисија да те провери дома, да праќаат тимови.
со инспекција не може тебе да те плаши, ама самиот матичен се плаши. Нема заради тебе да ризикува да плати казна сигурно.
За фала беше муабетот Работам за пари не за фала. Или детектив , подтои и ова, ама по налог на фирмата да си плати.
Јас сум во 16 недела, пред 2 дена бев на контрола кај матичниот и го прашав, ми рече има индикација да останам дома по завршување на мерките затоа што сум правена конизација и грлото на матката ми е скратено, 3.5 цм е сега за сега. Сега треба да ми отвори боледување, па после неговото боледување треба да земам конзилијарно (од Ремедика сакам бидејќи и таму одам), па со конзилијарното на комисија се оди на ГАК? Дали убаво сум разбрала?