А какпв предлог ти дала матичната? Не ми е јасно. До комисија не може матичен да дава предлог. Туку специјалисти тројца, кпнзелијарно мислење.
Првото продолжување по 15те дена од матичен не треба конзилијарно, туку само извештај од специјалист. На решението од комисијата ќе пишува што треба следно по истекот и на тоа боледување.
Ми даде предлог за оцена на привремената спреченост за работа до комисија во фондот, да го однесам заедно со извештаите од специјалисти од предходно.До понеделник да ги доставам зашто во Вторник одлучуваат, па се мислам дали да и барам упат пак до Болница до Куманово или до Скопје да си земам уште еден извештај за секој случај, она вика дека немало потреба.
Епа пак специјалист го дава предлогот не матичен. И по истекот на тие 15 дена мене ми дадоја директно кпнзелијарно а и на многу членки овде.
Девојки конкретно какви документи носите во фондот? Барав по форумот не можев да се снајдам. И јас сум патолошка бременост, на боледување од 10.02 15 дена од матичната, па потоа од специјалист и сега од конзилијарно мислење дадено до 22 април. Документите досега само во фирмата ги давав и колегите велат имат плата а јас не па се загрижив зошто немам ништо доставено во фонд да не ми доцнат ептен за нареден месец.
Зборуваше со правникот на работа? Како се договоривте? Ти да ги носиш документите? Кај мене тие од работа ги носат. Јас само им го давам боледувањето и конзелијарното.
Не сум зборувала, пошо не ја ни познавам и ги давав на одговорниот, но утре ќе се јавам и ќе прашам што се случува. Ти благодарам за одговорот
Neznam zosto ste tolku uporni, izvinete vaka ama vo nekolku temi barate broj od Dimcev. I da ima nekoja clenka broj od nego, sigurno e bliska negova na koja i e preporacano da ne go dava brojot. Ako tolku vi treba odete kaj nego pa licno barajte broj, ovdeka mislam deka nema da vi dade negov broj nikoj.
Јас имам едно прашање во врска со документите кои се носат во Фондот. Од работа ми кажаа дека Решението и боледувањето треба и јас да ги однесам. Дали треба некои други документи или само тоа се носи за да почнат да исплаќаат од таму?
Девојки дали имала некоја случај да документите од работа не ги однесат во Фондот навреме ? (мислеле дека тоа автоматски си оди до фондот и документите си ги чувале) Требало на 10 март да бидат доставени, нели тогаш ми завршува исплата од фирма а тие дури понеделник на 4 ке ги носат. Ке има ли проблем понатаму за исплата од фонд, дали некоја се нашла во иста ситуација. Изгледа овој период нема да а ми биде платен. Ве молам за мислење ☹️
Здраво девојќи Сакам да прашам дали има некоја од вас што отворила патолошка бременост поради несоодветни услови на работно место, односно условите лошо да и влијаат на бременоста а да е се како што треба со здравјето а и со бебето? Утре секако ќе се консултирам со докторот ама сепак ме интересира ако некоја била во слична ситуација како се одвивале работите, чисто да знам што да очекувам
Денес бев во Фондот да поднесам документи, ама требало да се поднесат за еден месец кога фирмата ќе исплати плата за Април. Е сега ме буни тоа зашто боледувањето кое ми го исплаќа фирмата е до 7 Април, а решението од комисијата до 20 Април. Значи кога фирмата ќе исплати плата на сите освен на мене за Април, тогаш треба да поднесам барање во Фондот?
Комисијата секогаш одобрува нека не те плаши тоа. Само зависи колку дена ќе ти одобрат. Ако имаш извештај од специјалист дека имаш проблем зошто да користиш боледување неможе да не ти одобрат. И во твојата ситуација каде што ти имаш други причини не здравствени а имаш извештај од специјалист они постапуваат според извештајот