Ми одобриле боледување заклучно до 30.04 и матичната ми кажа ако не поднесам приговор дека немам право да го продолжам.Со која дијагноза вадите патолошка за подолг рок?Мене ми пишува заканувачки абортус 0.20, а на редовните извештаи z.35 надзор на високо ризична бременост плус оваа 0.20.Ама ако ми го прекинат после и да отворам ново боледување пак ке бидам на терет на фирмата и можат да ми направат проблем,а реално неможам да патувам да одам на работа.Овде во Куманово од комисија давале до 30 дена боледување а ако лежиш во болница до максимум 60 дена и после го затворање.Не давале до крај на бременост да се продолжува.
Извини вака ама матичната твоја ти дава информации од ракав. Најголем дел смесо дијагноза 020.заканувачки абортус. Мислам дека скоро сите сме... Пред 30.04 ќе си извадиш нов извештај и ќе ти продолжат уште 30 дена. После тоа ти го продолжуваат боледувањето на подолго. Односно до крај.
020 шифрата е кај сите мислам дека после 6ти месец се менува. @januari19 уште од претходниот пат го приметив истово поради тоа што сите работи што и ги кажува прв пат ги слушам и не ми се логични. Еве и јас терам патолошка.
@januari19 i @Erika.greeneyes она тврди дека комисијата да сакале да го продолжуваат боледувањето ке било наведено што да се достави следно дали само извештај од специјалист или конзилијарно мислење.А бидејки стоело боледување до 30.04 заклучно тоа значело дека неможе да се продолжи.Ке оди маж ми утре ке праша во социјалното па ако има потреба ке напише приговор.
Па до кога сака таа боледувањето да биде? Месец за месец се продолжува. Мене никаде не ми беше наведено дали треба извештај или конзилијарно. Неколку дена порано пред 30 иди кај матичната сабајлето земи упат за во државна потоа со упатот таму. Ќе видиш во која амбуланта ќе кажеш дека си дојдена за продолжување на боловањето. Тие таму ќе одлучат дали ќе ти дадат конзилијарно. Тоа го носиш кај матичната она го праќа електронски. И после лекарска комисија ти одобрува. Не знам зошто толку ти комплицира и те збунува матичната.
Кај мене иде месец за месец незнам какви се овие муабети од матичнава твоја. Конзулијарното е за еден месец неможе повеќе и секој месец ново ама дека неможе да ти се продолжи боледувањето незнам баш. До сега како си на боледување со конзулијарно?
@januari19 Пиша во вонтелесно па тука враќам во оваа група Јас после првите15 дена од матична, па после тие ми беа одобрени 30 дена само со извештај од специјалист, го продолжив боледување со извештај и конзулијарно( за еден месец со три потписи) и ми одобрија 15 дена само, па матичната ми рече да однесам само нов извештај дека конзулијарното ми важеше 30 дена за наредните 15 дена од истото конзулијарно и пак ми ги одобрија тие 15 дена останатите . Сега ми завршија тие па пак поднесовме Со извештај и конзулијарно ново на 30 дена и така секој месец ваљда до крај. Го прашавме докторот ама неможе да биде повеќе дена конзулијарното од 30. Сега чекам одговор па ќе видиме како ќе одобрат ама би требало да е цел месец веќе
Леле видов Ова не ми е јасно, како вака прав пат слушам дека постои и ова одобрени 30 дена само со извештај од специјалист продолжив боледување со извештај и конзулијарно( за еден месец со три потписи) и ми одобрија 15 дена само, па матичната ми рече да однесам само нов извештај дека конзулијарното ми важеше 30 дена за наредните 15 дена.
Да, имам слушнато за ова дека некогаш 30 некогаш 15 дена одобруваат од лекарската комисија. Јас бев 15 од гинеколог и директно 30 со конзилијарно. Да видиме наредниот пат колку ќе ми одобрат.
Да ти кажам главата шашма ми а направија па се чека за одговор по недела и кусур од работа само ме бараа. Да после првите 15 дена нели што ги дава матичната, со извештајот од мојот доктор ивф дека имам хематом и крварење ми одобрија уште 30 дена и за следно да се продолжи мораше конзулијарно и извештај од специјалист. Поднесовме и на тоа конзулијарно кое беше за 1 месец тие 15 дена одобрија и мораше нов извештај само за останатите 15 дена да поднесеме, кои ги одобрија ама малтретирање до немај каде. Додека дадат одговор тие од комисија, треба нов извештај да се носи кај матична за да поднеси за продолжување. катастрофа со еден збор маткање колку сакаш а ваму треба да одмараме Ме разбра ли сега ако не пиши во лп
Да сфатив, одобрено е 30 дена ама со забелешка на 15тиот ден да однесеш нов извештај за да можеш да ги користиш другите 15 дена, така? Јас наредна недела треба да идам на контрола, до 18ти ми е ова боледување планирам до јуни да истерам некако...
Да тоа е конзулијарното на 30 дена одобрено, и да пишуваше на 15 ден контрола на одговорот од комисијата, ама јас порано идам зошто матичната бар еден ден порано бара за да се поднесе до комисија новиот извештај. И кај матичната се чудеа зошто така направија не дирекно цел месец али тоа е што е Баш ќе пишам сега колку ќе одобрат дали цел месец или пак ќе ме малтретират а и те како имам дијагноза со серклаж и инвитро сум
Не е точно. Јас со првата бременост бев паталошка. Значи си пишува пример до 30ти ти е боледувањето. Одиш на 29ти на преглед пак, матичната ,специјалистот даваат предлог да се продолжи и го доставуваш документот. Сега пример може ти се влошила состојбата, како може да не ти продолжат. Аман глупости. Имав јас еден месец мака, не сакаа да ми продолжат, а лежев во болница неколку денови и им приложив во жалбата и тоа дека лежам во болница и одобрија.
Еве во твојот случај не одобриле а одговор добиваш после 5 дена од поднесенето продолжување на боледување. И што се случува со тие 5 дена како ќе ги оправдаш? Ем не враќаат на време одговор, се заебаваат со нас како ние од желба дома да седиме а не од проблем.
Не сум сигурна за ова што ќе го пишам, ама мислам дека штом те одбијат си почнуваш со работа. Пошто нели приложуваш документ дека си била кај матичен, специјалист.. прегледи.. Не е дека ти си топ и си седиш дома. А што се случува со тие денови навистина не знам,пошто немав таков случај јас. Ваљда не прават проблем. Не си ти крива што каснат со одговор
Мојата матична баш ми има кажано дека од комисија никогаш немаат никого одбиено зошто реално они само можат да го оценат степенот зошто користиш боледување. Ако доктор специјалист процени и ти дава дијагноза дека имаш потреба да користиш боледување не ми се верува дека може да одбијат. Ова што го пиша баш ме зачуди дека те одбиле.
Да, јас крварев, и поради тоа лежев во болница 3 дена. И муабетот беше дека многу жени со крварење оделе на работа и си го износиле детето.. така нешто. После маж ми беше со документите од болница и на тој на шалтер што ги прима докум. му објаснил и рекол ааа па штом лежи во болница ќе и продолжат.. Така и бидна.
Ќере има 21 месец значи околу 2 год. Може е поинаку дека јас од Гв сум, и таму подавав документи. Може во Ск е поразлично..
Аха има различни комисии во секој град? Јас па мислев дека само во Ск се проследуваат простудирав на темава