Како тоа не ги поднесе во фонд до одредена дата?! Прв пат слушам за рокови. Сигурна си тоа е?! Ај пиши што документи имаш за фонд.
И јас прв пат слушам дека има рок. Јас сум 35та недела и цела ја истерав патолошка бременост. На 10.07 ми отворија породилно. Првиот месец кога земав комисиско боледување го однесов на работа тие да го поднесат во фонд. Но од неажурност документите не ми биле поднесени. Си ги поднесов сама дури нареден месец за два месеци одеднаш и две плати одеднаш ми префрлија. Никој не ми направи проблем дека доцна ги носам. Потоа секој месец сама си ги носев на први после книжење на плата и за десет дена ги имав парите на сметка.
Башка што од фонд и да не однесеш документи, комисијата пријавува на соодветен начин, мора да имаат увид. @Capricorn Taurus ептен се бркаме мене од 9.7 ми е отворено
Не верувам дека вие грешите. Јас утнав. Ако имав боледување од лекарска комисија од 10.06.2017 до 10.07.2017, јас однесов во комисијата на фонд документи на 10.07.2017. На последниот ден. Мојот проблем е дека Не На време поднесов документи за решение. Мојата грешка е Комисија од фонд. А не фондот поврзан со сметководство. Моја грешка е, 100% вас нема да ви се случи. Ах мешиња, ве молам извинете ако ви кренав паника. едит: пред неколки страни многу зборував, и може некој да ме чита. Затоа морав да се исправам.
Не се работи ние да утнеме - ние си тераме по редот Работата е тебе да те оправиме Значи вака со ред. Кој ден ти е прв ден на боледување?
@kukla21 моето управување биде. од вчера сум на боледување од ново. На ретроактивно негативно решение од комисија од фонд немам право на приговор. Ме одбија дека сум закаснила цел месец. Што си е сосема нормално. Јас сум идиотот кој праќаше неколку различни лица по шалтери, и на крајот матичниот ми кажа, абе зошто одите во фонд, ќе ме почекаш ќе дојдам од одмор. Ќе средиме
ти си ја пропуштила комисијата од фонд или комисијата те одби и да ако те има одбијано имаш рок од неколку дена само мислам
Ако разбрав добро она со документите (конзилијарно и препорака од матичен) не отишла на комисија на првиот ден 10.06. туку на 10.07. кога требало да оди по втор пат. Јас вака разбрав
Ретроактивно можеш да се обратиш на второстепена комисија. Колешка моја беше во болница неколку месеци - како да се јави на комисија, а нејзините сигурно во тие моменти не мислеле на боледување. Беше на второстепена и го среди боледувањето. И јас пак не разбирам - со мислењето од комисија не се врати ти кај матичниот? Он треба да ти даде боледување (оразец ИСР) и на тој документ јасно пишува до кога си на боледување и кога пак ќе одиш. Едит - и не те разбирам кој те одбил искрена да бидам. Многу ми е конфузно твоево
^^ и јас ништо не разбрав! Значи одено е на комисија уредно, месец за месец, термин зад термин, само боледувањето не е однесено кај матичен и потоа во фонд така?? Ако е вака нема рок на доставување, ретроактивно може да биде доколку не си се појавила на закажаната дата на комисијата за продолжување. @Momichka сигурно ли ти убаво си се објаснила или половично ни доловуваш ситуација?? Пиши убаво по ред искрено ме засегна.. Во друга тема @PUPICA пред некој ден спомна дека носи боледување во фонд од април месец или грешам??
Затоа мислев да пише чекор по чекор се, за да ја оправиме. Мислам дека може да се оправи. Без везе ќе плаќа придонеси на фирмата, кога може пари да земе
@kukla21 да, целосно си во право, има право за приговор само доколку има лежено во болница. Тоа да. Знам дека е конфузно. Затоа вака завршив. Се вратив кај матичен, напоменав јас немам решение за јуни, што ќе правам, ми бараат образец за спреченост за работа. Не добив "кој образец, чекај да видеме" туку ми рекоа абе лесна е, ќе дојдеш наредниот месец. Јас поверував дека е така, велам сигурно знаат повеќе од мене. Можеби навистина се собирираат документи за два месеци па се поднесува. Затоа напоменив, не е грешката нивна, јас сум идот во приказната. Грешкава ме чини малку скапо, ама барем постои начин да ја решам. Ако оставев празен вакум простор во осигурување, сигурно ќе ми правеа проблем и за породилно. Никој нема да згреши како мене. Сосема сум сигурна.
Ајде @Momichka гледаш се експерти сме се збрале. Пишувај да те опраиме Ај чекор по чекор. Прво - после 30 дена беше ли на комисија? Комисијата дава извештај за спреченост за работа. Го имаш ли тој документ?
@emkaemka не носев уредно документи во социјално/фонд. Не добивав месец за месец решение. Таму закаснев. Чекори 1. Матичен : Упат за специјалист 2. Специјалист: Извештај на специјалистот 3. Конзилијарно мислење - три лекари Сега наредниот (пресуден) чекор е со а) Извештај на специјалистот; б) Конзилијарно мислење - три лекари + в) Предлог за оцена на привремена спреченост за работа одам во Фонд за Здравствено осигурување на Рм. Јас го немам документот "Предлог за оцена на привремена спреченост за работа" и сум вратена од Фонд за Здравствено осигурување на Рм. Од вработениот на шалтер. Се вракам кај матичен и барам Образец за привремена спреченост за работа. Ми вели нели ти рековме се е завршено. Велам не е, немам решение за јуни. Не се грижи, ќе дојдеш во јули ќе средиме. Значи јас немам Документ за "Оценка за привремена спреченост за работа" издадена од Лекарска комисија, Фонд за здравствено осигурување. Затоа тоа, си продолжувам јас јули, си поднесувам пак 1. Матичен : Упат за специјалист 2. Специјалист: Извештај на специјалистот 3. Конзилијарно мислење - три лекари и доаѓа чекорот (пресуден). Овој пат сите документи ми се на број. (а, б в) { @kukla21 за двата месеци заедно; оваа дата.} Ама заради вакумски простор од јуни, Лекарската комисија ретроактивно не издава боледување. баш така @emkaemka напиша: ↑ Изгледа јуни не се појавила на комисија, или нешто и фалело па не се разбрале дека мора да дојде денес/утре, мислела дека може сега во јули за двата месеци одеднаш.. јас вака разбрав
Изгледа јуни не се појавила на комисија, или нешто и фалело па не се разбрале дека мора да дојде денес/утре, мислела дека може сега во јули за двата месеци одеднаш.. јас вака разбрав 3. Пак кај матичен да ти даде предлог за боледување 4. На комисија 5. Пак кај матичен да ти пополни образец 6. И документите во фирмата понатака е нивно, ако ги носиш сама во фонд сепак во фирма, па ти ги враќаат со уште еден образец плус, ти им оставаш копија од комисиско и носиш во фонд.. 7. Чекаш пари
Значи од 10.6 до 10.7 немала боледување ги утнала датите и станало ретроактивно.. не се разбрале таму, се појавила на комисија ама само се вишле и поздравиле
Уствари - она конзилијарно мислење го вика лекарска комисија, а комисијата е комисија на фондот. Значи она не се јавила на комисија кога требало, туку кога завршила важноста на конзилијарното.