Даа ,има Затоа решив брзо да останам бремена пак, за да не се врткам и да не се молам пак со комисии.. сега може без пари, ама бар сум дома
Јас денес доставив документи во фондот преку мајка ми. Дијагнозата ми е лажно раѓање. Оставив отпусно писмо и извештај од специјалист и нели документ предлог до комисија. Ќе видиме утре на колку ќе ми се продолжи.
Беше маж ми денес во социјалното кај комисијата и му рекле дека ако не доставиме приговор во рок од 5 дена навистина ке ми го заклучат боледувањето до 30.04.Утре ке поднесе приговор.Во секој град изгледа различни правила има.
Не знам дали се нормални овие... Како да одиш на работа со крварење? Може некоја друга шифра да ти пишат? Или некако да видиш за хоспитализација после 30ти? Да пораЗговараш со специјалистите,нивно мислење?
Незнам мене ми е страв до лекар што одам,не се нормални колку малтретираат и со ова боледување.Место да мируваш треба да шеташ од врата на врата по лекари и документи.
За боледувањето зависи многу и што дијагноза е. На пример ако е заканувачки абортус се смета дека после 3 месец нема опасност, за крварање дека може да престане, за скратен цервикс на пример продолжуваат со контроли ама може да ти дадат од второ тромесечие, исто за ниска плацента или за инвитро. Ова баш ми го објаснуваше гинеколог, јас лаички го пренесувам.
@Bibi_23 Кај мене е заканувачки абортус, а јас уште малку влегувам во 7ми месец, мислам тоа нема врска. Изгледа во секој град е различно. Тоа тука што го читав кај нас сосема друго е. Моето боледување е од 24.03 до 09.05 и на 09.05 на контрола со нов извештај и кмб ако продолжува пишува
А кој месец си? После 5ти ставаат нова дијагноза, лажно раѓање, 0.47 мислам беше, да не има и тоа врска. Поднеси си приговор, ќе ти ги спреми матичната сите документи што треба и ќе ти ги однесе некој кај комисијата, ти лично никако, и ќе објасни што и како е, и тој/таа што ќе ги прими документите ќе види дали има проблем, дали нешто е утнато и сл. Мене првото боледување не ми го одобрија, бидејќи имав згрешен датум, со приговор истиот ден го одобрија без проблем.
Мене 047 ми е дијагнозата, 7ми месец сум. Со отпусно писмо и извештај од специјалист ама без препорака за боледување.Што мислите колку ќе одобрат, се надевам 30 дена барем…
Кај мене е вака сега чекам одговор имам веќе поднесено за продолжување утре задутре треба да има одговор