Мене два пати по 15 дена за истото конзилијарно, само нов извештај вадев за остатокот од 15 дена од тоа конзулијарно и матичната поднесе и ги одобриа останатите 15 дена а сега 30 ми продужиа
Може да ми појасните околу процедурава за боледување. Ако се земе извештај од Гак и матичната отвори боледување 2 недели, после пред истек на тие две недели се оди пак на Гак и се земе конзилијарно за продолжување или пак е преглед со извештај, па после е конзилијарно. Некако ништо не ми е јасно, дали стварно кај сите е различно. И зошто кај едни продолжуваат 15 кај други 30 дена, дали е поврзано со тоа дали е конзилијарно или извештај од специјалист? Уште идам на работа ама ќе треба да седам дома во скоро време и не знам со процедуриве како е.
Прашањево ми е најмногу како да направам за да земам 15+30, зашто после одма ќе ми дојде термин за породилно и да избегнам да се замарам по комисии и контроли. Фала ви однапред.
За да имаш 15 после 30. Овие 15 дена нека ти ги отвори матичен ама со извештај од специјалист. Пошто ако сам ти отвори матичниот 15 дена после ќе треба пак 15 дена со извештај од специјалист. Мене мстичен ми отвори со извештај од специјалист и неколку дена пред истекот на овие 15 дена со упат од мстичен на гак ќе одиш таму ќе ти дадат конзилијарно и би требало 30дена да ти го продолжат, мене 30 ми го продолжија.
Која недела си @Bibi_23? Како што читав овде на форумов дека матичен гинеколог може да ти даде боледување најкасно 30 дена пред термин. А ако го продолжуваш како нас месец за месец со препорака на комисијата ти се отвара породилно 45 пред термин. @ni.na ако не се лажам мислам дека ти имаш повеќе искуство да не посоветуваш
Да да, за 45 дена пред термин ми е. Знам дека автоматски ти отвораат тогаш ако си на боледување. Затоа и прашувам да знам како ќе ми се фати па да знам како да комбинирам.
На моја колешка матичниот гинеколог не и даде на крај бидејќи рече немал право да и даде ако и отворел ќе го изгубела породилното или нешто слично па знам ја упати општ матичен да и даде, и така и направи.
Da ve prasam, dali koga ve praka maticen so dijagnoza: krvarenje vo rana bremenost na GAK za izvestaj pred istekot na 15 dena bolovanje, tamu ve pregleduvaat na exo ili samo vi davaat izvestaj?
Јас мислам дека мора да те проверат на ехо за да бидеш евидентирана во систем дека си била на преглед, врз основа на тоа се вади извештајот.
И јас знам дека ако си на боледување автоматски 45 дена пред термин ти отвараат породилно . Јас сум на боледување сега , но сакам да го прекинам нареден месец , несакам да ми кратат толку , ќе треба после бебуш на 7 месеци да го оставам добро се чуствувам па ќе поодам два месеци на работа
Здраво Ме интересира дали мат.гинеколог може да ти даде боледување од 15дена, или општиот матичен треба Ви благодарам
Ако си на патолошка месец за месец ти продолжуваат до 45 дена пред термин после ти пишува да отвориш породилно
A прават проблем за неколку дена? Зошто мене наредно кога ќе треба да ми го продолжат еден месец ќе му дојде 41 ден пред термин не 45.
Ми треба мала помош доколку некој знае. Конкретно конзилијарно земам од систина со преглед кај мојот доктор и целата процедура. Меѓутоа моментално е на одмор, дали може конзилијарно да даде друг доктор кај што ќе бидам на преглед со друг тим? Или мора од докторот што те води да е конзилијарното?
А од кај знаат тие точно кпга ни е термин, прашуваат последна менструација можам да им кажам 4 дена покасно
Па ваљда во Извештаите што се носат има во нив. Не знам и ја чисто размислување. И јас сум во прашалници цела.
Нема никаде. Само пишува кој месец си во боледувањето. Ако е за тоа јас по менструација сум крај јули да се породам, а по мерки почеток август. Секаде каде ме гледаа ми рекоа по мерките тој датум да го рачунам.
Ај ако може мало објаснување. Еднаш прашував, ама некако различни одговори добив. Јас користев 14 дена од матичен гинеколог боледување и за тие 14 дена знам исплаќаат 80% од плата. После тоа бев на ГАК ми продолжија уште 30 дена. Прашањето ми е дали овие 30 дена ги водат како патолошка и исплаќаат 70% или како регулар боледување и покрииваат 90% од плата. Искуство, некој што веќе го поминал овој период?