За колку време ви стигнува одговор откако матичниот ќе испрати комисиско боледување со извештај од специјалист?Јас имав 2 недели од матичниот и сега го пратија извештајот на комисија дали знаете некоја информација околу ова?
Да да, извештај од специјалист од гак. Маж жи во 12.00 ч. го однесе кај матичната и од таму во 16.00 ми се јавија да ми кажат колку ми одобриле. И мене не ми се веруваше колку брзо
Мене за неколку дена до недела дена, толку брзо никогаш ама ако збориме и со конзилијарно и извештај. @Nataska 1
Мене сестрата во средата после 2 недели од матичниот ми испрати електронски извештај од специјалист до комисија валјда на ГАК затоа мислев кога ќе имам повратен одговор од комисијата доколку некоја од вас знае
Добро да после двете недели од матичната што ги дава, прво се продолжува само со извештај од специјалист колку е наведено, во мојот случај месец дена ми одобриа ама почекав неколку дена за одобрување, ама немаш гајле секако ке продолжат нема да имаш дупка во боловањето. Е тек после ова е со конзулијарно и извештај од специјалист. Ама мене никогаш за еден ден не ми одговориле сум чекала 5-7 дена.
А дали конзилијарното мора да биде од доктори на ГАК или може од 3 доктори од клиниката кај што е правено инвотрото
Може од било која болница што има сместувачки капацитет. Конкретно и јас сум со ивф и од New Born неможеше, ама ремедика и систина можат.
Неможе од кај нив, само првиот извештај што ми беше од докторот дека имав крварење, што го поднесе матичната после тие 2 недели од неа и толку после мораш од др болница со сместувачки капацитет за конзулијарно и извештај
Со патолошка породилното треба 45 дена пред термин нели. Сега бев за продолжување на боледувањето и како што си рачунав мислев последно продолжување ми е. Но специјалистот ми рече уште едно боледување ќе имаш, во 36та недела ќе отвориш породилно. Не е тоа некако доцна?
Зошто доцна? Поубаво подоцна, инаку ќе ти испадне многу рано да се вратиш на работа. Колку можеш подоцна да отвориш породилно толку подобро. Јас сакав да прашам, првата исплата што е од фондот за боледување дали ви ја доцнеа многу? Јас за месец Април уште немам земено. И дали има врска што работодавецот сеуште нема исплатно плата за април месец, па можеби затоа да доцнат?
Абе поубаво да. Ама нели сепак има закони, и законски треба да биде 45 дена пред термин. Вака нема да има 45 дена па мислев да не има некој проблем после со породилното. Инаку ни јас немам уште исплата за април.